ОПИС

Оригинален наслов: КОНТРОВЕРЗНОТО ЕВРОВИЗИСКО ФИНАЛЕ 2019 И ОКУЛТНИОТ РИТУАЛ НА МАДОНА СО КОЈ ГО НАЈАВИ ВИРУСОТ КОРОНАНа 28.05.2020 порталот freeglobe.mk  пренесе тврдење дека Мадона со нејзиниот настап на Евровизија во 2019 го најави коронавирусот. Една од теориите на заговор изнесени во текстот е дека наводно Мадона со својот албум го предвидела коронавирусот преку задниот дел од обвивката на албумот каде пишува „Корона“. Понатаму, во текстот се тврди дека таа е дел од Илуминати, како и тоа дека Мадам Х ( насловот на нејзиниот албум од 2019) и нејзиниот имиџ за Мадам Х  содржат сатанистички симболи.  Авторот на текстот дури го поврзува и евровизискиот настап на Мадона со танчерите кои носат маски, тврдејќи дека на тој начин таа го предвидела коронавирусот.

Линк до оргиналната статитија тука.

ФАКТ/И

Објавениот текст е  дезинформација, надополнета со теории на заговор, кои не се поткрепени со факти.

Деновиве се’ почесто, преку социјалните мрежи, се шири дезинформацијата дека  албумот кој  Мадона  го издаде во 2019 година го претскажал новиот коронавирус. Ова секако не е точно. Овие манипулации се искористени и во овој текст.Машината за пишување што се појавува  на задната страна од пакувањето на албумот е една од машините за пишување што припаѓаат на познатата марка „Смит Корона“. Задната страна на албумот која стана дел од теорите на заговор, може да се види на дигиталните платформи за онлајн продажба. Ова е искористено како елемент кој Мадона ја вклучи во бројните нелогични теории на заговор поврзани со пандемијата од КОВИД-19. Машината за пишување „Смит корона“ како бренд се користи повеќе од 130 годиниМоделот кој е споделен на албумот на Мадона се продава уште од самиот почеток  на 20 век.

Понатаму, во текстот се наведува дека: „Мадона неодамна создаде алтернативна личност по име Мадам Х која ја опишува како самата „агент со неколку личности”. Ова ќе го доловам подетално во наредниот текст. Мадам Х постојано носи прекривка на едното око, што е погоден начин за постојано прикажување на знакот со едно око – доказ за присуство на окултната елита. Всушност таа симболично го претставува нордискиот бог Один, кој практично e еквивалент на ужасниот судија Сатурн, од каде практично влече коренoт на култот кон Сатанизмот односно Сатурнизмот.“

Албумот на Мадона „Мадам Х“ е пуштен во продажба речиси уште пред една година, конретно од 14 јуни 2019. Во тој момент, никој не можеше ни да претпостави дека во 2020 светот ќе биде исправен пред пандемијата од коронавирусот. Во интервјуата во кои Мадона го најавуваше својот албум, таа откри дека името на албумот е одраз на нејзините карактерни особини. Покрај ова, Мадам Х  е името на театарското сценарио кое е напишано од Александре Бисон во 1908 година.

Уште едно неточно тврдење изнесено во овој текст е следново:Според ова тврдење настапот на Мадона во финалето на Евровизија во мај 2019 година е предвидување на епидемија поради танчерите со маски.

На Јутјуб може да се погледне видеото од настапот на Мадона на Евровизија 2019. На сцената,танчерите носат маски за гас.  Ова секако нема никаква врска со предвидувањето дека во иднина ќе се случи пандемија, како што се тврди. Во суштина,  главната порака на шоуто беа конфликтите меѓу Израел и Палестина. На крајот од шоуто, танчерите со знамињата на двете држави се држат за раце.

Листата на пласирани невистини во овој текст е надополнета дури и со теоријата за илуминатите.

„Била која окултна или херметичка наука, вклучително и Кабалата, Алхемијата, или пак пропратните цермонијални ритуали за постигнување на некаква цел, се само еден вид на алатки, односно вештини кои како што можат да се употребат за нешто возвишено и благородно, на ист начин истите овие техники можат и да се злоупотребат. Дефинитивно банкарската елита се решила за второто. И не само тоа, Темната Елита честопати превзема за себе свети имиња за нивните тајни друштва како што е примерот со “Редот на Илуминати”, каде името е практично украдено од вистинските просветители и следбеници на Питагора.“- се наведува во текстот.

И ова не е точно.  Таа уште во 2015 година, за својата песна насловена „Илуминати“ вели дека не е никакво признание дека таа е дел од тајната група. Но, ваквото тврдење  кое и годи како комплимент, сепак не е точно.

Вистина е дека Мадона не можела да ја предвиди пандемијата од коронавирусот. Нејзиниот настап и последен албум се искористени за пласирање на теории на заговор со кои луѓето ќе бидат мануипулирани дека постои некаков таен план кој се знаел уште од минатата година. Мадона како планетарно популарна личност од светот на забавата е искористена за манипулирање на јавноста поврзано со пандемијата од КОВИД-19.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како дезинформација надополнета со теории на заговор. Целта на ваквите наративи е да се креира паника во општеството, посебно во вака  чувствителен момент кога сите сме исправени пред пандемијата од КОВИД-19.  И овој наратив е еден од многуте во кои многу јавни личности се искористени во лажните сценарија дека постои таен план од таен центар на моќ за ширење на овој вирус.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.