ИЗЈАВАТА ЗА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ НЕ Е ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ
Оригинален наслов:Скандал: Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување на факултет
На 09.09.2019 во 13:37 порталот Лидер објави тектст кој е спин. „Македонците ги нема во графата за изјаснување на национална припадност при упис на факултет,“ стои во текстот кој се повикува на документ кој е наменет за националните малцинства во земјава, при упис на факултет.
Линк до објава: Лидер
Архива на објава: Сигнал, Маркукуле, Курир, Инфомакс, Експрес (објавата на Експрес е избришана)
Објавениот текст е спин, со кој се прави обид за манипулација на јавноста. Порталот кој прв ја објави веста, се повикува на документот Изјава за национална припадност. Овој документ не е нов. Тој постои години наназад, а е наменет за младите од националните малцинства кои сакаат да го продолжат своето академско образование.
За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница која е малцинска група. Оваа изјава се зема во предвид, само кога во свидителствата и дипломите од средно образование не е наведена националната припадност на кандидатот.
Република Северна Македонија е мултиетничка заедница. Согласно тоа, младите од различни етнички или национални заедници треба да добијат шанса за академско образование.
Новинарите мора да ги проверуваат информациите кои ги добиваат. Со објавата на непроверени податоци, доведуваат до состојба јавноста да биде манипулирана и погрешно инфоримирана.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО