Оригинален наслов на статијата: Писмото со кое Македонија се откажува од македонска националност (ФОТО)
Со испраќањето на Вербалната Нота од страна на Димитров до МНР на Грција, Македонија се откажува од македонската националност и потеклото на македонскиот јазик!
Линк до оригиналната статија тука.
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Текстот ја спинува суштината на Вербалната нота. Предметната вербална нота испратена од Министерството за надворешни работи е вообичаено формално известување со кое (согласно меѓународното договорно право) Република Северна Македонија, како договорна страна на Конечната Спогодба, ја известува Грција, како втора договорна страна на Конечната Спогодба, дека се завршени сите внатрешно-правни постапки за влегување во сила на Конечната Спогодба. Оваа нота е специфична бидејќи покрај основната информација, содржи и информација дека Собранието на Република Северна Македонија ги усвои Уставните амандмани и Уставниот закон (како обврски предвидени со Конечната Спогодба). Објаснувањето во однос на државјанството (nationality) е веќе содржано во Конечната Спогодба и истото не треба да се поврзува со етничката припадност (ethnicity) бидејќи се однесува исклучиво на правната поврзаност на граѓаните со државата, односно нивното државјанство. За да го поткрепиме разобличувањето, во прилог Ви претставуваме табеларно појаснување за разликите помеѓу државјанство (националност) и етничка припадност.
Тимот на F2N2 овие појаснувања ги обезбеди преку истражувањата на “Ethnicity Definition in Sociology” , Dual Nationality in the European Union: A Study on Changing Norms in Public, European Convention on Nationality и Explanatory Report to the European Convention on Nationality.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО