Текстот презентира фотографии од македонски фудбалски интернационалци кои се преземени од официјалниот спортски портал www.sport.de на германската медиумска групација RTL. На фотографиите националноста (државјанството) на македонските фудбалери е заведена како Nordmazedonien.
Линк до оригиналната статија тука.
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Заради одредени јазични и граматички правила во германскиот јазик, во графата nationality е наведено Nordmazedonien. Доколку се бара превод на овој збор, ќе се види дека тој значи “Северна Македонија”, како што е презентирано на сликата подолу.Заклучокот е дека порталот www.sport.de за националноста (државјанството) употребил збор кој е соодветен на Северна Македонија (скратеното име на државата), а не Северномакедонци.
Јазичните и граматичките правила на странските јазици не треба да се злоупотребуваат за развивање теории на заговор дека Договорот од Преспа ќе го укине македонскиот идентитет. Ова е и спинот во насловот, односно дека идентитетот е северномакедонски што не е точно. Овде станува збор за државјанството кое е Северна Македонија. За појаснување околу етничкиот идентитет и националноста (државјанството) можете да прочитате во текст објавен од страна на F2N2.
Според инструкциите на МНР за користење на името и додавките од Договорот од Преспа, во делот на националност (државјанство) е наведено: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.
По направеното истражување на интернет страниците на клубовите во кои играат овие наши фудбалери увидовме пак дека нивната националност (државјанство) е заведена како Македонско/Macedonian – што е повторно во согласност со Договорот од Преспа. Во галеријата можете да ги најдете сликите на Езгијан Алиоски (Лидс – Англија), Горан Пандев (Џенова – Италија) и Александар Трајковски (Палермо – Италија).
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО