Оригинален наслов на статијата: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците
Македонската асоцијација на новинари (МАН) на 17.04.2019, преку соопшетние кое го објавија неколку медиуми, реагираше со Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците.
Ова известување не би имало ништо спорно, но во продолжението на соопштението, се провлекува една непроверена информација: Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден. Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти.
Повикувајќи се на овие организации, МАН сака да поентира во својот кредибилитет како новинарско здружние, кое е признато од новинарстви здруженија надвор од Северна Македонија.
Линк до статиjaта: https://tv21.tv/mk/man-osuda-za-napadot-vrz-ekipata-na-tv21-bez-odlagane-da-se-sanktsioniraat-nasilnitsite/
Други портали кои ја објавија веста:
libertas.mk, a1on.mk,kurir.mk, netpress.com.mk,plusinfo.mk,makpress.mk
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Во овој случај, станува збор за класична дезинформација, бидејќи МАН никогаш не бил дел, ниту има соработка со меѓународните федерации на новинари.
Ваквата дезинформација беше веднаш демантирана од страна на Европската федерација на новинари. Генералниот секретар на Европската Федерација на новинари, Рикардо Гутјерес на својот Твитер профил на 18.04.2019 ја демантираше објавата од известувањето на МАН. Тој нагласи дека Европските федерации , од новинарските здруженија во земјава, соработуваат само со ЗНМ и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Disinformation: @IFJGlobal & @EFJEUROPE are not collaborating with Macedonian Association of Journalists.За жал, оваа дезинформација само ја потенцира алармантната состојба со медиумите во земјaва, укажувајќи на главниот проблем-лесна употреба на шпекулации. Во овој случај, МАН во обид да стекне кредибилитет и да го подигне својот углед, шпекулативно употреби кредибилни новинарски здруженија од светот.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО