Оригинален наслов: ОГРОМНО ЧУДО – СЕ ПОЈАВИ КРСТ ВО ЏАМИЈА: ЛУЃЕТО ИЗЛЕКУВАНИ ОД СВЕТЛИНАТА КОЈА ЗРАЧЕЛОВеб порталот Aktuelno24.com.mk, на 1 Јули, објави статија со наслов: „ОГРОМНО ЧУДО – СЕ ПОЈАВИ КРСТ ВО ЏАМИЈА: ЛУЃЕТО ИЗЛЕКУВАНИ ОД СВЕТЛИНАТА КОЈА ЗРАЧЕЛО“.
Според Актуелно 24; „Во една од џамиите во Насарава се покажа крст што стотина од присутните верници останаа во шок, а многу од нив тоа го сметаа за чудо. Главниот имам на џамијaта потврдил дека е виден крст во џамијата и го нарече тоа „ знак од Бога“.“ Во истиот напис се наведува датумот кога девојчето Хаџар Хусеини го забележила крстот но не се наведува годината кога ова се случило, со цел веста да изгледа „aктуелна“; „ Хаџар Хусаини изјавила дека прва ја видела светлината во облик на крст на 28. септември, а нејзината мајка ја потврдила оваа чудна појава и истакнала дека нејзината ќерка се уплашила и се вратила дома.“
Иронично е тоа дека на сензационалистичкиот наслов стои дека Крстот се појавил во џамијата, додека во содржината стои: „ Крстот кој е симбол на христијанството бил осветлен на земјата во неспоредна близина од џамијата“.
Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Порталот често објавува содржини со “бабини лекови”, односно надрилекари, натприродни случувања, судбини и слични теми кои допираат до публиката од психолошки аспект.
За оваа вест светските медиуми како што се The Guardian Nigeria и The Breaking Times, пишувале уште во 2016 година, наводно мистериозниот крст се појавил во среда, 28 септември 2016 година, кога едно 15-годишно девојче, Хаџар Хусеини, за прв пат го видела крстот околу 20:00 часот. Според нејзината изјава за медумите во 2016 година, таа вечер била испратена по намирници и на враќање видела чудна светлина.по што исплашена истрчала дома да ја предупреди нејзината мајка Матан Лиман.
Истата вест била потврдена од страна на главниот имам на Централната џамија на Асакио, Мухамед Илиасу, кој го потврди инцидентот, а за новинарите изјавил дека појавувањето на крстот на неколку метри од џамијата е откровение од Бога, потврдувајќи дека „Исус е исто така пророк на Бога“.Фотографијата е превземена од The Breaking Times
Исто така, Свештеникот Мајкл Дого од Евангелската реформска црква на Христос, во Асакио, го потврдил случајот со мистериозниот крстот како знак на зближување на заедницата.
Џонатан Амегва рекол дека е обземен од појавата на крстот на неколку метри од џамијата. Комесарот на државната полиција во Насарава, Абубакар Садик Бело, кој исто така го посети местото на мистериозниот крст, им рекол на новинарите дека тој го посетил местото за да се осигура и тоа не смее да се искористи како средство за верски немири.
Во случајот се работи за стара вест од Африка од 2016 година, што во никој случај не е актуелна. Воедно порталот дел од истата го спинувал и врши манипулација со сликата со цел да привлече внимание и да си поигра со чувстата на верниците од Исламската вероисповед.
Исто така ова е случај со кој се “заведува” јавноста со теми со натприродна, недокажана содржина со која се користи психолошкиот момент кај граѓаните кои често бараат лек за своите болести па во таа очајна состојба веруваат на се што ќе им се пласира.
Тимот на Ф2Н2 смета дека овој напис нема никаква новинарска издржаност и се пренесува единствено за манипулирање со чувствата на верниците и со цел за да се креира погрешен наратив и дезинформација која ќе ги збуни читателите.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО