Кремљ спроведе добро координирана информациска операција кога станува збор за масакрот во Буча. Беа забележани координирани напори во подолг период од руски функционери и проксија за негирање и прикривање на масакрот во Буча. Целата операција беше спроведена во период од 10 дена, во три бранови, од кои првиот – изјавата на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за националниот канал Росија 1, беше најмногу амплифицирана во македонскиот онлајн простор.
Масакрот во Буча покрена вжештена меѓународна дебата. Руските функционери и проксија имаа бројни реакции, забележани во период од 10 дена, кои беа пренесени во македонскиот онлајн простор. На 3 април, портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, даде интервју за националниот канал Росија 1, каде зборуваше за масакрот во Буча. На 4 април, Лавров исто така го коментираше масакрот. На 5 април, порталот think.mk објави статија која содржи видео за кое порталот тврди дека била испратено од „читател“, а статијата беше со наслов „Доказ дека масакрот во Буча е инсцениран?“ На 6 април, фејсбук-страницата Sekula Vojvoda Fan Club го објави видеото од говорот на Лавров (од 4 април-. На 12 април, Руската амбасада во Северна Македонија објави видео од средба помеѓу Путин и Лукашенко. На официјалната веб-страница на Кремљ, има изјава од Лукашенко.
Масакрот во Буча беше документиран и потврден од независни извори, како и од кредибилни медиуми, преку обезбедување солидни докази (видео) во кое се гледа дека руските вооружени сили убиваат цивили во периодот додека ја имале контролата врз градот. Една од најконкретните потврди и графички илустрации на опсегот на масакрот и злосторствата извршени од руските вооружени сили беше направена од Њујорк тајмс.
Подолу ги презентираме реакциите и пораките од Руските официјални лица по хронолошки редослед. Целта на вакциот пристап е да овозможи временски преглед на пораките, суштината на наративот кој се пласира како и пренесувањето и амплифицирањето на овие пораки и наративи од страна на локалните про-Руски проксија.
Наратив: Масакрот во Буча беше инсцениран за да се уништи имиџот на Русија; зад оваа операција стојат Западот и Британците.
Во интервјуто за Росија 1, Марија Захарова зборуваше за масакрот во Буча, осудувајќи ги САД и НАТО за тоа дека се „господари на провокацијата“ и дека фотографиите од убиените цивили се користат од Западот за да се уништи репутацијата на Русија. Захарова дополнително истакна дека „во овој случај, мислам дека овие изјави (за Русија) беа дадени само неколку минути по објавувањето на материјалите, па нема сомнеж кој ја ‘нарачал’ оваа сторија“.
Делови од изјавата на Захарова беа објавени во македонскиот оналјн простор во следните неколку денови, од 4 до 7 април. Вкупно 22 портали објавија 23 статии, кои беа објавени 49 пати на 44 фејсбук-страници/групи, со повеќе од 2,7 милиони следбеници и 3,7 илјади интеракции.
Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, изјави дека „пред некој ден, во градот Буча во регионот на Киев, беше извршен уште еден напад со лажни вести, откако руската војска замина, во согласност со плановите и договорите. Неколку дена подоцна, беше инсценирано лажно видео, кое сега се шири преку сите медиумски канали и на социјалните мрежи, од страна на украински функционери и нивните западни заштитници“. Сепак, на 6 април, фејсбук-страницата Sekula Vojvoda Fan Club го објави видеото од неговиот говор, кое беше споделено 6 пати на 6 фејсбук-страници, кои вкупно имаат повеќе од 86.000 следбеници.
Think.mk објави статија која содржи видео, тврдејќи дека била испратено од нивен „читател“, а статијата ја наслови „Доказот дека масакрот во Буча бил инсцениран? - Умрените ‘оживуваат’ откако ќе помине камерата?“ По некое време, статијата беше изменета, со спротивно тврдење и со наслов „Видео: Масакрот во Буча не е инсцениран – умрените не оживуваат откако ќе помине камерата“. Сепак, првата статија со дезинформацијата беше преземена од друг портал кој го цитираше think.mk како извор.
Овие два портали објавија две статии, кои беа споделени 13 пати на 12 фејсбук-страници/групи, со повеќе од 331.000 следбеници и 508 интеракции.
Втората изјава на Лавров, во која тој ја обвинува Украина дека ги саботира преговорите со Русија, исто така беше искористена за коментирање и негирање на масакрот во Буча. На 5 и 6 април, во македонскиот онлајн простор беа објавени статии со наслов „Лавров: Лагите од Буча се користат за саботирање на преговорите со Русија“.
Вкупно 15 портали објавија 15 статии, кои беа споделени 17 пати на 17 фејсбук-страници/групи, со повеќе од 1,1 милион следбеници и 284 интеракции.
Скоро една седмица подоцна, Руската амбасада во Северна Македонија објави видео од средба помеѓу Путин и Лукашенко. На официјалната веб-страница на Кремљ има стенограм од средбата, кој содржи изјава на Лукашенко во која тој тврди дека „беше неопходно да се донесе нов пакет, го знаеме ова. Денес детално дискутиравме за оваа нивна специјална операција, психолошка операција спроведена од Британците. Ако ви требаат адреси, лозинки, броеви на регистрации, марки, со кои тие дојдоа во Буча, и како го направиле тоа, ФСБ на Русија може да ги обезбеди овие материјали“.
Изјавата на Лукашенко беше објавена во 5 статии од 5 портали, кои беа споделени 13 пати на 12 фејсбук-страници/групи, со повеќе од 540.000 следбеници и 1.009 интеракции
Во графиконот подолу е претставена споредба на поддржувачките наративи, со оглед на тоа дека сето ова објаснето погоре претставува поддржувачки наратив на стратешкиот наратив дека „Западот го инсценира масакрот во Буча за да го уништи имиџот на Русија“.
Се чини дека пораките на Захарова кои ги обвинија САД и НАТО дека се „господари на провокацијата“, како и дека фотографиите на убиените цивили во Буча беа искористени од “Западот за да се уништи репутацијата на Русија“, добија најголемо внимание, споредено со останатите 3 теми, односно добија најголем број реакции и потенцијално допреле до најголем број корисници.
Во следниот графикот се кумулативните податоци за наративите, базирани на број на статии, портали и фејсбук-страници/групи.
Целата операција за негирање на руските функционери и нивните проксија беше спроведена во три бранови во период од 10 дена. Податоците покажуваат дека првиот бран на негирање добил најголема амплификација од порталите и фејсбук-инфраструктурата, додека другите два бранови биле искористени за да се одржува наративот во живот.
Оваа анализа е пример за тоа како Кремлин, преку своите официјални претставници (високи функционери) и добро развиената инфраструктура спроведува информациски операции во чии што рамки се обидува да пласира дезинформации и да ги прикрие вистинските факти.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО