Медиумите треба да обединуваат, а не да поттикнуваат раздор со умисла Факт е дека медиумите може да влијаат многу врз човечкиот ум, па затоа и штетата која што доаѓа од нив е поголема и долготрајна. Како школски пример за тоа како една обична информација или мислење може да се претвори во алатка за раздор во општеството и манипулација од страна на медиумите, е начинот на кој е пренесена анализата
објавена од британскиот весник „Financial Times”.Не само што овој текст е злоупотребен на разни начини за поттикнување раздор врз етничка основа, туку се злоупотребува и за кревање на тензии и поттикнување нервоза кај мнозинскиот народ во Северна Македонија на тема која предизвикува многу емоции, а тоа е прашањето за Голема Албанија. Токму Голема Албанија, е магичниот збор којшто на тие коишто ги пишуваат овие текстови им носи што повеќе лајкови, споделувања и зголемен ефект врз читателите, којшто потоа може да се канализира и во омраза кон сограѓаните.На почетокот на денот, првичните текстови поврзани со оваа анализа го ставија фокусот на „дипломатскиот успех од Договорот од Преспа“, за потоа да се појават текстови со поинаква насока. Различни медиуми како “
Лидер”, „го пренесуваа скоро истиот текст но со малку поразлични наслови, секој посензационалистички од другиот.Па така, во весникот „Вечер“ насловот е „
Фајненшл Тајмс објави текст како да го диктирале Али Ахмети, Еди Рама и Рамуш Харадинај: „Северна” Македонија мора да ги зајакне правата на етничките Албанци„ којшто јасно алудира на „ризикот од Голема Албанија“ уште од почетокот, за да подолу во текстот се дадат други детали од анализата во британскиот весник кои што немаат врска со насловот.
Истиот портал објавил уште еден
текст во врска со оваа анализа со наслов „
НИЕ НЕ СЕ ПРАШУВАМЕ. Фајнаншел Тајмс: Нема мир во Македонија ако не се задоволни Албанците“ којшто со право може да создаде гнев кај етничките Македонци, бидејќи би се чувствувале помалку вредни од Албанците на кои што мора да им се задоволат сите барања. Но јасна е интенцијата на авторот и медиумот за потикнување омраза и гнев иако во текстот на британскиот весник нема вакви констатации.Но има и светла страна на оваа приказна. Неколку медиуми на македонски и албански јазик како што се „
Заман“, „
Бриф“, „
Актуелно“, „
Локално.мк“, „
МИА“, „Независен“, „
Опсервер“, „
Telegrafi”, “
Медиал”, ”
BallkanWeb”, ”
BotaSot”, ”
TetovaSot” и „
Foldrejt”, овој текст го пренесуваа со фокус на Договорот од Преспа којшто се претставува како едно од најуспешните дипломатски помирувања меѓу државите на Балканот, како што е и самиот текст на Фајненшл Тајмс.
Текстот во продолжение има само еден дел, како што е и во оригиналниот текст на британскиот весник, во којшто се зборува за исполнување на правата на Албанците, за да не бидат подложни на идејата за обединување со Косово и Албанија. Но тоа се факти кои што не се извртени, туку пренесени во оригинал и без никаков коментар. Делот во којшто се зборува за Албанците е ставен како цитат, така што самите читатели би ценеле како ќе го толкуваат.Медиумите на албански јазик како „
Telegrafi”, “
Medial”, ”
BallkanWeb”, ”
BotaSot”, ”
TetovaSot” и „
Foldrejt се протоколарни и го пренесуваат само тоа што е напишано, дури и во редоследот по којшто е напишан текстот, без притоа да имаат сензационалистички наслови за тоа дека постои можност за обединување на албанските територии, односно, формирање на Голема Албанија, ако Албанците не се задоволни од остварувањето на нивните права.
И медиумите на албански јазик, слично како и неутралните медиуми на македонски јазик, повеќе се фокусирани на Договорот од Преспа како придобивка, а не на можноста за Голема Албанија како ризик.Видно е од анализата дека една обична вест, или текст, може да се протолкува на различни начини. Впрочем, тоа е и придобивката од демократијата. Но медиумите, особено интернет порталите мора да бидат свесни дека креираат јавно мислење, па оттаму демократијата треба да ја негуваат, а не да ја злоупотребуваат. Медиумите кои што имаат за цел да спинуваат, или манипулираат, создавајќи раздор во општеството ќе го најдат и најмалиот детал за да го искористат за своите цели, а пак совесните медиуми, и тој грам елемент за раздор би го заобиколиле или не би го преувеличиле.Медиумите во Северна Македонија имаат потешка и поодговорна улога од демократски поразвиените земји, бидејќи пишуваат за граѓани со отворени рани од минатото поради меѓуетничката нетпреливост. Оваа одговорност треба да се носи соодветно, негувајќи ги различностите, а не создавајќи уште подлабоки поделби.Ферикан ИлјазиНовинар