ОПИС

Оригинален наслов:  Швалерките на Гури Даниела и Лукаревска

На 29.07.2019 порталот Доказ објави текст кој е дезинформација, со кој сака ги дискредитира посочените личности.

Линк до објаватаДоказ

ФАКТ/И

Овој текст е комплетна дезинформација, во која не се запазени основните новинарски професионални стандарди и принципи.

Целиот текст се темели на телефонска порака, која е пренесена како што е добиена.  Пораката не е проверена, дали е точна. Целиот овој напис е неетичен. Никаде во текстот нема доказ, со кој ќе се поткрепи скандалозното дискриминирање и етикетирање на личностите, кои се споменати.

Целта на овој текст е нарушување на угледот, наместо професионално новинарско известување.

Порталот во неколку наврати и претходно, се обидува да ја дискредитира директорката на УЈП.  Новинарите и медиумите не смеат да пренесуваат непроверени информации, со кои ги загрозуваат човековите права или слободи, ниту пак ќе дискриминираат. Порталот Доказ  често ги дискриминира жените, што е недозволиво.

Медиумите и новинарите мора да ја негуваат културата и етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум.

Медиумите мора да ги почитуваат правилата за професионално известување.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.