Мексиканска медицинска сестра стана првата личност во Латинска Америка што прими вакцина, oткако нејзината земја ја започна програма за вакцинација во четвртокот 24.12.2020.Мексико доби првична пратка од 3.000 дози на американско-германски вакцини Фајзер Бионтек. Земјата е меѓу најпогодените, со највисока стапка на заболени, веднаш по САД, Бразил и Индија.По кратко време во четвртокот 24.12.2020 и Чиле и Костарика започнаа со вакцинирање со вакцината на Фајзер-Бионтек.И Аргентина планира да започне вакцинација во следните неколку дена. Нејзин избор е руската вакцина Спутник 5 во првата почетна фаза. Во четвртокот 24.12.2020 пристигнала првата испорака од 300.000 дози во главниот град, Буенос Аирес.Бразил, кој забележа најголем број на смртни случаи во регионот, нема да започне со вакцинација до средината на февруари и покрај неодамнешниот раст на бројот на заболени. Претседателот Болсонаро не планирал да се вакцинира, верувајќи дека развил имунитет против коронавирус, бидејќи беше позитивен на почетокот на годинава. Извор: BBC
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО