Институтот за Медиуми и Аналитика - ИМА на 29 Јануари, 2023 организираше панел дискусија насловена “Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“. Менаџерот на програмата - Борба со лажни вести и наративи Алексоска во улога на говорник ги образложи најважните елементи/столбови на Руската пропаганда како и начинот на кој истите влијаат врз општеството, карактеризирајќи го како “остра моќ“.

На овој настан Алексоска се осврна и на јазикот кој се употребува кога се пренесуваат настаните поврзани со Руската агресија на Украина, укажувајќи на важноста која зборовите и јазикот ја имаат во еден ваков контекст.

Ќе ги спречиме Руските наративи само доколку го користиме вистинскиот јазик, а тоа е дека Руската федерација во Украина, цела година, спроведува брутална агресија врз недолжно цивилно население, убивајќи жени и деца, уништувајќи критична цивилна инфраструктура, болници, училишта, културно наследство, итн.

Росана Алексоска - Програмски менаџер FN

На следното видео можете да го проследите излагањето на Алексоска:

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.