ОПИС

Оригинален наслов:  ВИДЕО: Мигрант се обидел да силува девојчиња во Скопје

На 30.06.2019 неколку медиуми објавија текст дека мигрант напаѓа во центарот на Скопје. Ова е шпекулација.

Линк до објаватамедиуми

ФАКТ/И

Медиумите со наслов во кој стои дека мигрант се обидел да силува девојчиња во Скопје, се обидуваат да ги претстават мигрантите во лошо светло.

Кои се фактите во овој случај: Да, млад човек напаѓа во центарот на Скопје, како што и изворно е преставено во новинарскиот прилог на екипата на а1он. Но, во овој прилог и засегнатите граѓани укажуваат дека не станува збор за човек странец.

Во прилог ви ја пренесуваме изјавата дадена од страна на портпаролот на МВР, Тони Ангелески, дадена во врска со овој настан:

Почитувани, не станува збор за мигрант, како што манипулираат дел од порталите туку се работи за лицето И.Џ. (30) кое е бездомник. МВР постапува во рамки на своите надлежности и против него има поднесено две прекршочни пријави, а повеќе пати е контролиран и легитимиран. До сега нема ниту едена пријава за напад од ова лице туку прекршоците се поради недолично однесување. Бидејќи станува збор за бездомник, известен е Центарот за социјални работи за преземање на мерки во нивна надлежност.

Граѓаните не смеат да бидат наведувани на погрешен заклучок. Во овој случај, станува збор за напаѓач кој не е мигрант.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.