Оригинален наслов на статијата: ДЕСКОСКА ФАТЕНА „ЖИВА“: СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ОДИ НА МИТИНГ НА СДСМ
На 14-ти април се појави лажна вест во која се вели дека министерката за правда, Рената Дескоска, ги злоупотребува државните ресурси, односно користи службено возило на митингот на СДСМ во Скопје. Покрај тоа што беше пренесена на некои портали, веста беше искористена и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Повикувајќи се на шпекулацијата, партијата побара оставка од министерката.
Линк до оригиналната статија тука.
Други портали кои ја објавија веста: aktuelno24.com.mk, republika.mk, a1on.mk, vecer.mk, makfax.com.mk.
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Веста за злоупотребата на државни ресурси е лажна вест. „Веста“ се користи за партиска манипулација во ек на изборната кампања.
Дезинформацијата беше демантирана уште истиот ден со официјално соопштение од надлежното министерство. Во демантот е наведено дека службените возила на Владата се марка Фолксваген Пасат, а возилото во кое влегува министерката е приватно.
F2N2 направи проверка на регистарските таблички во официјалниот регистар на службени возила кој е објавен на интернет страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Резултатот од проверката е дека во оваа базa не постои возило со такви регистерски таблички.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО