Пандемијата со коронавирусот што го зафати целиот свет, ги стави во служба научниците и здравствените работници од сите земји,во првите редови во борбата со справување со коронавирусот. Во оваа борба напорите се насочени кон што побрзо изнаоѓање лек или вакцина за Ковид-19. И додека трае“трката” за вакцина која ќе го уништи овој вирус, не стивнуваат дезинформациите за вакцините. Тие се шират побрзо и од самиот вирус.
Што значи тоа да бидеме вакцинирани?! Дали има причина за оптимизам?! Што е целосна заблуда или дезинформација, а што е вистината. Тимот на Ф2Н2 се потруди на присутните митови за вакцините што се шират во јавноста, да одговори со факти од официјални извори со кои ви ја претставуваме вистинската слика за вакцините.
МИТ #1: Ги примив сите вакцини на детска возраст, и сега сум заштитен до крајот на животот.
ФАКТ: Неточно тврдење. Имунитетот што го добиваме со вакцината опаѓа со тек на времето.
За заразните болести каде имунизацијата може да понуди доживотна заштита , може да се користат различните едноставни модели за да се објасни корисноста на вакцинацијата како метод за контрола на одреден вирус (подолу во табелата пример се сипаниците (measles) каде имунизацијата е доживотна во 96 % од случаите) Сепак, за повеќето болести, имунитетот се намалува со текот на времето и последователно се зајакнува со асимптоматски средби со инфекцијата.
Профилактичката вакцинација од одамна се смета за важна, и на многу начини идеална алатка за контрола на заразните болести. Од најраниот почеток во контролирање и конечното искоренување на сипаниците, забележано е дека вакцинирањето ја намалува инциденцата на инфекцијата со што се намалува процентот на популацијата која е подложна кон многуте заразни болести.
Времетраење на имунитетот обезбеден со вакцинација
Времетраењето на имунитетот обезбеден со вакцините е различен, зависно од различните болести и вакцини. Доживотниот имунитет не е секогаш обезбеден со природна инфекција (добивање на болест) или вакцинација. Препорачаното време за земање на вакцинските дози има за цел постигнување на најдобра имунолошка заштита, за да се покрие периодот во животот кога ранливоста од одредената болест е најголема. Многу вакцини што денес се користат се релативно нови и податоците постојано се ажурираат. За многуте болести, имунитетот се намалува по природна инфекција, а времетраењето на имунитетот обезбеден од вакцинацијата варира во зависност од низа фактори, особено од самата вакцина што се прима.
МИТ #2: Вакцините предизвикуваат аутизам!
ФАКТ: GACVS (Глобална Советодавна Комисија за Безбедност на Вакцини) заклучи дека не постојат никакви докази за причинско-последична поврзаност помеѓу МРП (вакцина против морбили, рубеола и паротитис) и аутизмот.
Загриженоста за наводна причинско последичната поврзаност помеѓу вакцината МРП и аутизмот се зголеми во доцните 90- ти години, по објавувањето на одреден број студии каде се тврди за наводна поврзаност помеѓу природните и вакцинските соеви на вирусот на сипаниците и воспалителните болести на дебелото црево, како и МРП вакцината со заболување на цревата и аутизмот.
За таа цел Светската Здравствена Организација, по препорака на Глобалната Советодавна Комисија за Безбедност на Вакцини (GACVS), нарача преглед на литературата од независен истражувач со цел да се испита/истражи ризикот од аутизмот поврзан со вакцината против МРП. Исходот од прегледот беше претставен пред Глобалната Советодавна Комисија за Безбедност на Вакцини за разгледување.
Нарушување на аутистичниот спектар претставува континуитет на когнитивни и невролошки нарушувања, вклучувајќи го и аутизмот. Преваленцијата на аутизмот значително варира според утврдувањето на случајот, од 0.7 – 21.1 на 10.000 деца, додека пак преваленцијата на нарушувањето на аутистичкиот спектар се проценува на 1-6 на 1000 деца. Единаесет епидемиолошки студии (неодамнешни студии претежно во последните четири години) беа детално разгледани, земајки го предвид дизајнот на студијата (вклучувајки еколошки, контролирани случаи и студентски проверки) и ограничувањата. Прегледот заклучи дека постојните студии не покажуваат никаков доказ за поврзаноста помеѓу ризикот од аутизам и вакцината против МРП заболувањето. Биле прегледани и три лабораториски студии. Заклучено е дека наводната перзистенција на вакцината со вирусот на сипаниците во гастроинтестиналниот тракт на децата со аутизам и воспалителното заболување на дебелото црево, бара понатамошно испитување преку независни студии пред да се утврдат потврдени лабораториски наоди на објавените студии, кои имаат сериозни ограничувања.
Врз основа на деталниот преглед кој беше презентиран, GACVS дојде до заклучок дека не постојат докази за причинско-последична поврзаност помеѓу МРП вакцината и аутизмот. Комисијата смета дека предметот најверојатно ке биде разјаснет со подобро разбирање на причините за појавување на аутизмот. GACVS исто така заклучи дека нема докази за подршка на рутинската употреба на вакцини за сипаниците, заушки и рубеола во врска со комбинирата вакцина, стратегија која ги става децата под зголемен ризик од нецелосна имунизација. Според тоа GACVS препорачува да не се врши промена во тековните вакцинирани практики со МРП.
МИТ #3: На постарите не им требаат вакцини
ФАКТ: Имунизацијата не се однесува само на децата
Погоре објаснивме за времетраењето на имунитетот добиен со вакцинација. Па според тоа јасно е дека и на возрасните им треба имунизација со вакцина за одредени заболувања и спречување на истите.
Препорачани вакцини за возрасни
Покрај сезонските вакцини против грип и вакцината против ТДП (Тетанус, Дифтерија и Пертусис) во оваа листа на вакцини за 19 до 26 годишна возраст е и ХПВ вакцина, која штити од типови на човечки папилома вируси кои ги предизвикуваат повеќето цервикални, анални и други карциноми.
Вакцина против херпес која штити од компликации кои произлегуваат од болеста се препорачува за здрави возрасни кои се од 50 годишна возраст или постари. Пневмококна полисахаридна вакцина која штити од сериозно пневмококно заболување, вклучувајки менингитис и инфекции на крвотокот (се препорачува за сите возрасни 65 годишни или постари). Оваа имунизација е особено важна за возрасните кои се со здравствени проблеми.
МИТ #4: Вакцината против БСЖ спречува инфекција со коронавирус
ФАКТ: Тврдењата дека БСЖ вакцината спречува инфекција со коронавирус се неточни
БСЖ вакцината им се дава на децата ширум светот за да се борат против туберкулоза. Порака што се ширеше преку апликацијата WhatsApp на арапски јазик вели дека ако ја имате кружната лузна од јазолот на рамото, може да бидете 75 % заштитени од Ковид-19.
Не постојат докази дека БСЖ вакцината ги штити луѓето од инфекција со Ковид-19 вирусот. Во тек се две клинички испитувања кои се однесуваат на оваа прашање, а Светската Здравствена Организација ќе ги оцени доказите кога истите ќе бидат достапни. Во отсуство на докази, СЗО не препорачува вакцинација со БСЖ за превенција на Ковид-19.
МИТ #5: Вакцините содржат небезбедни токсини
ФАКТ: Науката покажува формалдехидот во вакцините е безопасен
Луѓето имаат загриженост за употреба на формалдехид, жива или алуминиум во вакцините. Точно е дека ова органско соединение е токсично за човечкото тело во одредена количина, но само мала доза се користи во вакцините кои се одобрени од Американската Агенција за Храна и Лекови (FDA). Всушност според FDA формалдехидот се произведува по високи стапки од страна на нашите сопствени метаболички системи и нема научен доказ дека ниското ниво на жива или алуминиум во вакцините може да биде штетно по здравјето.
FDA објави дека има 50 до 70 пати повеќе формалдехид присутен во новороденче, отколку во единечна доза на вакцина. Накратко, науката покажува дека формалдехидот во вакцините е безопасен.
МИТ #6: Вакцината може да го зарази моето дете со болеста од која треба да го штити
ФАКТ: Примателите на вакцини доживуваат имунолошки одговор на телото кон вакцината, а не на самата болест
Вакцините можe да предизвикаат благи симптоми кои наликуваат на оние симптоми на болеста од која штитат. Честа заблуда е дека овие симптоми сигнализираат инфекција. Всушност, во мал процент (помалку од 1% во еден милион случаи) каде што се јавуваат симптоми, примателите на вакцинии доживуваат имунолошки одговор на телото од примањето на вакцина, а нѐ на самата болест. Има само една забележан случај во кој вакцината предизвикува заболување, како резултат на несакани последици (side effects). Станува збор за вакцината против ОПВ (Орална Полио Вакцина) која веќе и не се користи. Оттогаш, вакцините се во безбедна употреба со децении и следат строги регулативи од страна на Администрацијата за Храна и Лекови.
Заклучок
И покрај тоа што интернетот ни нуди многу предности, сепак треба да се има предвид фактот што во голема мера е и основа за дезинформации.
Здравствените работници се особено загрижени за тоа влијание врз луѓето кои бараат медицински информации на многуте веб страни и портали. Дезинформациите поврзани со вакцините се толку широко распространети на интернет. Во март, 2019 година , Американската Академија за Педијатрија испрати писмо во кое ги повикува големите технолошки компании да се борат против овој тренд.
Борбата против дезинформациите поврзани со вакцините доаѓа како резултат на документирано зголемување на сомнителноста за ефикасноста на вакцините. Всушност, СЗО ја именуваше сомнителноста на вакцините меѓу првите 10 закани за глобалното здравје во 2019 година.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО