На социјалната мрежа Фејсбук, групата со име Република Македонија – Republic of Macedonia, на ден 1 јули 2014 година, има објавено слика од мало дете кое е со видливи иритации на кожата. Еве што имаат напишано над самата слика (види фото).Текстот над сликата е лага од почеток до крај. Како прво, тврдењето дека детето на сликата е болно од рак на кожа е безчувствителна измислица. Очигледните реакции на кожата се предизвикани од преголема топлина, народски кажано сунчаница. Тоа може да го проверите на следниот линк, кој е објавен во 2013-та година, во кој може да прочитате како родителот објаснува дека слики од неговото дете се искористени да се прикажат како слики од сипаници.Како второ лага е и тоа дека Фејсбук со секој ваш лајк, коментар или пак споделување ќе донира парични средства за лекување.Крајно нечовечки и безчувствителен обид.Точно е дека донации на Фејсбук постојат, но не и во нашата држава. Во кои држави донациите се овозможени можете да проверите тука.Загрижувачки е и фактот што истата објава, која датира од 2014-та година, се коментира и споделува ден денеска. Сликата до моментот на објавување на нашата статија има над 11 илјади емотикони, 4500 споделувања и 3200 коментари.Од вкупно 3200 коментари, 2950 коментари се напишани во последните два дена, кои несомнено се со најдобра намера, но тоа не го менува фактот дека корисниците се изманипулирани. Од сликата подолу може да се увиди дека има коментари од пред 4 години, па следи пауза од 2 години кога се напишани три коментари, за денес повторно да започне пишување на коментари на сликата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО