Со растот на бројот на онлајн медиуми, расте и интересот за освојување на публиката. Анкетите се една од алатките кои влијаат на посетеност на сајтовите. Посебно кога во нив се вклучуваат прашања, кои го вжештуваат вниманието кај јавноста.Овие анкети може да го мерат расположението на јавноста, но не можат да се користат како релевантна алатка за ставот на јавноста, од неколку причини.Еден од главните фактори е репрезентативниот примерок според кој се врши мерењето на ставовите. Имено, при онлајн анкети никогаш не можете да бидете сигурен во репрезентативноста на анкетата според одредена припадност (националност, пол, род, возраст…). Напротив постои јасно убедување дека ваквите анкети никогаш не ја одразуваат демографската структура на земјата и поради тоа можат да се сметаат само како забава, но не и како релевантно истражување на јавното мислење.Вториот фактор е всушност опасноста од хакирање на анкетата или гласање со ботови. Овој фактор е исто така клучен затоа што секогаш постои опасност наместо реална мерливост на човечкиот фактор, анкетата да биде наместена со цел креирање на лажни резултати. Многу често сме сведоци дека дури и релевантни портали кои се обиделе да направат слични анкети станaлe хакерска цел, па потоа се повлекувале од своите анкети, прогласувајќи ги за невалидни. Ова особено се случува кога станува збор за анкети од политичка природа, затоа што на тој начин се прави обид да се влијае на гласачкото тело, а освен тоа, партиите располагаат со лица кои имаат вештини за хакирање на овие анкети.Овие анкети честопати дел од медиумите ги користат во своите вести и анализи и на тој начин тие стануваат алатка за дезинформирање. Од таму станува јасно дека дел од овие анкети се креираат со намера да се создадат лажни резултати,  а преку одредени портали да се пласираат како „вест“, со цел да се влијае на гласачкото тело.Во прилог - линкови од онлајн анкети направени за време на кампањата, спроведени после завршувањето на првиот и вториот телевизиски дуел на претседателските кандидати.https://lider.com.mkhttps://ripostmk.comhttps://infomax.mkhttps://kurir.mkhttps://press24.mkhttps://markukule.mkhttps://markukule.mkhttps://netpress.com.mkhttps://infomax.mkhttps://vesti.mk

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.