Alliance of Democracies и Transatlantic Commission on Election Integrity (TCEI) во соработка со Фејсбук одржаа виртуелна дискусија на тема “Надворешни информациски операции на Западен Балкан – предизвици и патот понатаму” на 13 јануари 2022 година. На оваа дискусија свое обраќање имаше и Росана Алексоска, менаџер на програмата за борба против лажните вести и наративи на МОСТ – FN.
Алексоска помеѓу останатото истакна дека: „Кога зборуваме за дезинформациските наративи на Балканот, треба да бидеме свесни дека тие поларизираат, разединуваат и се употребуваат за да ги искористат длабоко вкоренетите чувства и погрешни убедувања со цел дискредитација на различни личности, како и западните институции“.
Алексоска исто така додаде дека: „Во текот на изминатите години имаме забележано серија настани и информациски операции кои имаат за цел да ги извртуваат фактите, да ги дефокусираат, да ги заплашат, дискредитираат институциите и да ги продлабочат поделбите кај граѓаните во државата”.
Според Алексоска: „Руските дезинформации и информативните операции се раководат од заблудите, погрешните перцепции и погрешните верувања кои се длабоко вкоренети кај дел од населението, особено кај православното население низ балканските земји”.
Целосната дискусија можете да ја погледнете на следниов линк.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО