Низ социјалните мрежи може да се видат разни постови во кои се пишува за “штетноста“ од инсталирање на апликацијата “Стоп Корона“, која беше промовирана од страна на Владата во борбата против ширењето на коронавирусот. Во разните повици да не се инсталира апликацијата не се дава ниту еден конкретен аргумент што е штетно во инсталирањето на истата. Се нафрлуваат само површни тези дека со неа луѓето ќе бидат следени со вграднување на микро-чипови, но не се даваат никакви аргументи како е тоа возможно и врз база на што тврдат дека тоа навистина е така.

Еден од изворите на ваквите вести во кои се пишува против обидите на владите да се развие апликација која ќе им биде од помош на здравствените институции и на самите граѓани против коронавирусот е и порталот Спутинк.

Во својот текст, Спутник, цитира белгиски лекар по име Тиери Шмиц кој тврди дека фондацијата на Бил Гејтс финансира седум проекти за вакцина, меѓу кои и внесување на нано-чип во човековото тело. Ваквите тврдења беа разобличени од страна на Ројтерс преку проверка на фактите, а повеќе за тоа можете да прочитате на овој линк.

Додека пак, во официјалните документи на Европската Унија во врска со апликациите за коронавирусот кои се користат низ Европските земји  се вели дека што е можно повеќе податоци треба да се чуваат во уредот на корисниците, отколку на централен сервер за најдобро да се одржи индивидуалната приватност.

Како што пишува Еуроактив, Европската унија која има едни од најригорозните правила за заштита на податоците во светот, со цел да се осигура дека ваквите системи не ја загрозуваат приватноста со дозволување на неовластен пристап до чувствителни податоци.

Вера Јурова која е Потпретседателот на Комисијата изјави дека: “Почитувањето на правилата на ЕУ за заштита на податоците ќе помогне да се осигураме дека нашата приватност и основните права ќе се почитуваат и дека европскиот пристап ќе биде транспарентен и пропорционален“, изјави Вера Јурова.

Во документот се препорачува децентрализиран пристап за складирањето на податоци, споредено со методите што се користат во азиските земји, каде повеќето податоци се чуваат на централизиран сервер.

“Комисијата препорачува податоците да се чуваат на терминалниот уред на поединецот. Во случај податоците да се чуваат во централен сервер, пристапот, вклучувајќи го и административниот пристап, треба да биде со најавување “, се вели во меѓудругото во документот.

Кај нас пак, креаторот на апликацијата, “Стоп Корона“, Некстсенс, гарантира дека целосно се заштитува приватноста.

“Одговорно тврдам дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста. Таа во никој случај не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата“, изјави за Слободен Печат, Саша Гавриловиќ од Некстсенс. 

 

Ова е само уште случај во кој тендециозно се минира системот и процесот на борба против коронавирусот. Сето тоа се прави преку манипулации со кои кај граѓаните се создава дополнително чувство на несигурност, незадоволство и недоверба во системот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.