ОПИС

Оргинален наслов: Легализација на геј браковоте

Непосредно пред одржување на првиот “Скопје Прајд” порталот Тиквеш објави статија со наслов кој нема допирна точка со текстот кој стои во статијата. Имено, во насловот на статијата стои дека ќе се легализираат геј браковите.

Линк до оргиналната статија

ФАКТ/И

Во текстот се пишува за тоа колку пари биле издвоени од Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации чија цел на организирање е да се испрати порака за еднаквост на лицата од ЛГБТ заедницата. Во продолжение на текстот се спомнува и битолчанецот Никола Шиндре за кој пишуваат дека ја разбранувал јавноста со својата колумна во која ја релативизирал педофилијата. На крајот од статијата се наведува дека премиерот Зоран Заев присуствувал на настан на кој ЛГБТ центарот одликувал промотор на педофилија (се мисли на Никола Шиндре).

Сублимираќи го текстот може да заклучиме дека насловот е класичен пример за Кликбејт. Покрај печатната грешка во насловот, грешка има и во целта на авторот која според нас е да поттикне говор на омраза кон лицата од ЛГБТ заедницата. Новинарите треба да се залагаат за еднаквост и инклузивност, а не за разединување и ширење говор на омраза.

За крај сакаме да напоменеме дека оваа дезинформација до нашата редакција пристигна од страна на наш поддржувач чие име заради неговата приватност не сакаме да го откриме. Во прилог ќе ви ја прикажеме пораката која ја добивме од истиот во форма на слика.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.