ОПИС

На 02.04.2020 порталот Инфомакс објави текст со наслов:  „(ФОТО) КOРOНAВИPУCOТ МУ ГО OДЗEДE ЖИВOТOТ: Cемејството на актерот Бјелогрлиќ во шoк“Линк до оригиналната статитија тука.

ФАКТ/И

Објавениот текст е клик бејт. Насловот и фотографијата на актерот Драган Бјелогриќ, предизвикуваат погрешен впечаток кај читателот дека од коронавирус починал познатиот актер, а неговото семејство е во шок.

Насловот и фотографијата наведуваат на едно, а текстот кој следи во продолжение  е малку поразличен и ја открива вистината. Во текстот под овој наслов,  сепак се наведува за тоа кој е починатиот: „Српските медиуми денеска на големо пишуваат за cмpттa на најдобриот пријател на претседателот Александар Вучиќ како и роднината на актерот Драган Бјелогрлиќ од кoрoнaвиpyc. “

Вистина е дека актерот Драган Бјелорлиќ е жив. Починатиот е негов роднина. Нејасно е зошто на ваков начин е презентирана веста за личност која не и е позната на македонската јавност.

Светот е исправен пред предизвикот кој го наметнува пандемијата од Ковид 19. Сите се вознемирени. Токму затоа, сензитивноста на новинарите кога известуваат за информациите врзани за коронавирусот, од суштинско значење е да биде издигната на највисоко професионално ниво.

Во вакви вонредни околности, недозволиво е јавноста да биде наведувана погрешно, особено кога станува збор за трагедија. Медиумите мора да бидат особено внимателни и  професионални, како и да ги почитуваат основните новинарски стандарди без отстапки.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.