ОПИС

Оригинален наслов: ”Се откажува ли власта од ЕУ како главна стратешка цел?”

Порталот Express.mk објавува текст со наслов во форма на прашање со кое наметнува и одговор, дека власта се откажува од ЕУ како главна стратешка цел. Имено, авторот на текстот се повикува на изјава на Претседателот на државата за време на воената вежба “Одлучен удар 2019” која Ви ја пренесуваме интегрално:
Партнерството со САД е успешно, ефикасно и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел, која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е нашето полноправно членство во НАТО”, за да понатаму авторот на текстот продолжи со изведување на заклучок дека ЕУ за Претседателот станува второстепена стратешка цел.

Дезинформацијата е објавена и на порталите: Курир и Инфомакс.

ФАКТ/И

Текстот е базиран на изјавата од Претседателот Стево Пендаровски, дадена во Битола,  на отворениот ден за граѓаните со учесниците на воената вежба “Одлучен удар 2019”. Како најголема воена вежба во историјата на нашата земја, организирана во соработка со НАТО, Претседателот во својата изјава дава осврт на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, кое успешно и ефикасно трае, и со нивна помош очекува да ја постигнеме нашата стратешка цел, Северна Македонија полноправна членка на НАТО Aлијансата.

Настанот на кој што е дадена изјавата е таков што е нормално и изјавата на Претседателот да биде во тој контекст. 

Во изјавата никаде не се спомнува дека за властите ЕУ станува втора стратешка цел, ниту пак дека се откажуваат од интеграциските процеси за влез во ЕУ. Авторот на текстот наметнува свој заклучок изведен без никакви кредибилни докази. Заклучокот го креира врз основа на своја претпоставка, со што на јавноста и пласира погрешна информација која ги има елементите на теорија на заговор. Манипулирајќи со факти од изјавата ја формира својата теза,  со која треба да се прикаже “скриен план” на властите т.е  “наводно откажување” од ЕУ. Целта на оваа  медиумска теорија на заговор е да се насочи вниманието на  јавноста против заложбите на Владата и Претседателот за влез во ЕУ.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.