Северна Македонија само што стана најновата и најслаба членка на НАТО. Ова го прави зрела цел за мешање. Од ИВАНА СТРАДНЕР, МАКС ФРОСТ | 22 АПРИЛ, 2020 година, 3:25 часотimage
Германската канцеларка Ангела Меркел гледа за време на вежбите на тенковската единица на НАТО во Минстер, Германија, на 20.05 2019 година
 Во 1938 година, британскиот премиер Невил Чембрлен му овозможи на Адолф Хитлер да маршира во Чехословачка и покрај огромната воена супериорност на западните сојузници од Прага, затоа што Чембрлен решил дека ова прашање е „кавга во една далечна земја, меѓу луѓето за кои не знаеме ништо." Денес, на сличен начин е тешко да се верува дека НАТО би одело во војна и покрај огромните заложби во Источна Европа.Претседателот на САД, Доналд Трамп, чиј однос со Путин продолжува да привлекува внимание, потврди слично сомневање во однос на соседна Црна Гора, кога ја доведе во прашање посветеноста на НАТО да брани мала балканска нација. Освен тоа, и францускиот претседател Емануел Макрон минатата година изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“. Според анкетата на Центарот за истражување на Пју, направена во февруари, помалку од половина од населението на Франција, Шпанија, Турција и Грција имаат поволен поглед кон НАТО. Граѓаните на само три европски земји - Велика Британија, Холандија и Литванија - велат дека нивната земја треба да одговори со воена сила доколку Русија нападне член на НАТО во Источна Европа. Оттука, Рускиот Претседател Владимир Путин со право претпоставува дека повеќето носители на одлуки во главните градови на НАТО би ја сметале Северна Македонија за „далечна земја“ на „луѓе за кои не знаеме ништо“.На 27 март, Западниот сојуз ја призна Северна Македонија како нејзина најнова и најслаба членка. Притоа, на рускиот претседател Владимир Путин му даде страшна можност да го прошири своето влијание, дополнително да го еродира единството на НАТО и да ја тестира заложбата на блокот да брани член на алијансата. Позицијата на НАТО во Северна Македонија и неговата соседство е многу ограничена. Балканските земји се исто така посиромашни, повеќе етнички поделени и помалку економски интегрирани со Европа. Нивната потенцијална нестабилност и многу помалата веројатност за силен одговор на Западот ја прават Северна Македонија и нејзините соседи зрели и лесни цели за руско мешање.“Со оглед на тоа што Балтичките земји станаа дел од добро вооружениот фронт на НАТО, Балканот е мекото меше”.Северна Македонија е дефиниција на слаба алка и лесен плен за противникот. Копнена земја со 2 милиони жители, која има слаби политички институции и кратка историја на независност, со само 8000 активни војници. Индексот за демократија на престижниот “Економист” ја рангира Северна Македонија како најмалку развиена политичка култура во Европа.Видот на мешање на Русија се специјализира во мешање во изборите, разгорување на етничките тензии и предизвикување насилен конфликт. Овие три реални можности би можеле да предизвикаат одговор на НАТО согласно член 5. Најголем предзвик е обезбедувањето на претстојните избори во Северна Македонија, кои сега се одложени поради пандемијата КОВИД-19. Анкетите последен пат покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ, проруска националистичка партија, е во мртва трка со прозападните социјалдемократи. Руското мешање во изборниот процес, не само што се заканува на македонскиот суверенитет, туку и , доколку биде успешно, може да резултира во влада што ќе ја наклони Северна Македонија кон Москва.Русија исто така може да се обиде да изврши притисок и да ја дестабилизира Северна Македонија на други начини, вклучително и преку регионалниот клиент на Москва - Србија. Руската пропаганда насочена кон Северна Македонија вклучува теории на заговор за приоритетното албанско малцинство на земјата, наводно, за да ја присоединат Северна Македонија во „голема Албанија“.Алтернативно, Русија може да предизвика разочарувачки конфликти во Србија, чиј нестабилен регион на Прешево директно граничи со Северна Македонија, или нерешениот спор за Косово. Било кој конфликт лесно може да се прелее во Северна Македонија.“Уште во 2018 година, амбасадорот на Русија во Северна Македонија ја прогласи земјата за „легитимна цел“ доколку се зголемат тензиите меѓу НАТО и Русија”. Москва се обиде да влијае на референдумот во Северна Македонија за членство во НАТО во септември 2018 година, за што ги користеше својата амбасада и конзулатите таму како основи за операции за собирање разузнавачки информации, и ширпропаганда во која детали за наводните западни заговори за растурање на земјата.И покрај севкупната воена супериорност, НАТО сеуште има “слаба рака” на Балканот, и Русија продолжува да предводи таму. НАТО мора брзо да сигнализира дека е стабилен сојуз и дека, откако ќе реши да го признае тоа, Република Северна Македонија е составен член на Алијансата. Доколку НАТО не успее да ги поддржи своите нови членки, како што е Северна Македонија, шансите дека тие би се соочиле со руска агресија - хибридна или конвенционална – се се поголеми, а тоа би можело да значи и крај на НАТО како кредибилен сојуз.“Следните чекори на НАТО за да ја заштити својата нова членка може да вклучуваат примена на успешната тактика која беше спроведена во 2017 година кога Црна Гора се приклучи на алијансата”. Сајбер тимот на НАТО и обезбеди на црногорската влада техничка поддршка за да научи да ги идентификува и да се спротивстави на хибридното војување. НАТО ја подигна свеста за придобивките од членството во НАТО преку соработка со официјални лица, граѓанското општество, локалните самоуправи и организации. Исто така, работеше на подобрување на управувањето во одбранбениот сектор на Црна Гора. Слично на тоа, Европската унија, која штотуку ги отвори разговорите за пристап со Северна Македонија, би можела да се придвижи брзо за да сигнализира на светот дека балканските нации се составен дел на Европа.“Член 5 бара едногласност пред да се повика колективната одбрана, но членките на НАТО се разликуваат во нивните ставови кон Русија”. Сепак, пошироко, на НАТО му треба механизам да одговори на руската агресија во случај членовите на алијансата да не можат едногласно да се согласат да го сторат тоа. Едно решение би било да се формира, како резервна опција во случај да е потребно, коалиција од членки на НАТО со кредибилни одбранбени способности кои се подготвени да се спротивстават на Русија и да подготват колективен одговор на каков било напад. Оваа статија е превземена од Foreign Policy. Целата статија можете да ја прочитате тука.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.