Авторитарните режими – извор на лажни вестиМеѓународното покривање на „лажните вести“ за време на претседателските избори во САД во 2016 година драматично го сврте вниманието на светот за улогата на дигиталните дезинформации во изборите, а потоа и во сите области на политиката, економијата, животот, односите меѓу земјите.Додека фокусот беше на влијанието на руската пропаганда во САД и Европа, сепак проблемот се покажа како многу поголем. Дигиталните дезинформации се глобален предизвик кој бара создавање нови коалиции, нов одговор, алатки и стратегии за да се справи светот со нив.Авторитарните режими во светот работат на долгорочни и финансиски добро обезбедени стратегии на стеснување на демократските права на граѓаните онлајн, загадувајќи ги политичките дебати, дискусии со дезинформации и
напади фокусирани на уривање на демократијата и демократските принципи и слободи.Недемокрaтските влади веќе почнаа да развиваат се понапредни технологии и начини на компјутеризирана пропаганда употребувајќи разни алгоритми, вештачка интелигенција која може да пишува и дистрибуира лажни вести на едно многу високо, алармантно ниво.Москва, на пример се уште го промовира митот дека Вашингтон ги носи сите одлуки во НАТО. Го турка митот дека проширувањето на Алијансата не е процес што го водат суверени држави, не е желба на земјите аспиранти, туку желба на САД да и се заканат на Русија и на светскиот мир.Дури и во земјите со изразена поддршка за САД и за ЕУ како Романија,
Москва се обидува да ја искористи било која поделба во општеството за ширење лажни вести и антизападна пропаганда.
Вистинската информација во море од лажни вестиСо тоа, колку повеќе се зголемува улогата на социјалните медиуми и Интернетот во формирањето и дистрибуцијата на вести и информации, толку побрзо политичките дебати и кампањи се селат онлајн. Но, во голем број земји можноста да се вклучите или добиете некоја слободна и вистинска информација е под сериозна закана. Во ситуација кога авторитарните влади се соочуваат со притисокот на Интернет публиката за нивните политики, тие почнуваат да преземаат нови репресивни тактики со цел да го поткопаат демократскиот дијалог и да ја намалат демократската поддршка од странство.Наездата на лажни вести, разни начини на манипулација на здравата демократска публика на социјалните медиуми наметнаа итна потреба од справување со лажните вести.
Дезинформациите се шират побргу од претпоставките, па лажните вести влегоа во меѓународните односи, домашната политика, економијата. Големите сојузи, особено оние кои на еден начин се симбол на Западниот свет, започнаа борба со лажните вести, особено откако се виде моќта на манипулативниот збор.
НАТО: видео игра за борба со лажните вестиНАТО центарот за стратегиски комуникации создаде нова игра за да им помогне на читателите полесно да ги воочуваат лажните вести.
Играта претставува еден вид тренинг за идентификација на дезинформации.
Поставена е на Фејсбук и е отворена за сите корисници на ФБ.
Играчите се поставени во виртуелна улога како одговорни во компанија за издаваштво, каде што можат виртуелно да заработат со тоа што ќе соберат што повеќе публика преку објавување вести, информации. Има три нивоа, на секое им се дава можност на играчите да размислат и да ги препознаат можностите да бидат излажани.Оваа игра на НАТО има за цел да ги охрабри читателите и општествените фактори посовесно да ги користат социјалните медиуми, повнимателно да читаат.
Јазикот на НАТО - тактики на препознавање и справувањеСтратешките комуникации се работа на секоја земја члекна на НАТО, не само на одредени сектори или елементи. При секојдневното работење и комуницирање, осоено при одредени операции, НАТО постојано комуницира со надворешниот свет. Со цел да се намалат можностите за продукција на дезинформации од непријателски актери, јазикот што НАТО го употребува треба да биде прилагоден и на социјалните медиуми и на масовните медиуми, како и на останатите меѓународни организации. Во оваа насока се напревени серија работилници и предавања од Одеелението на НАТО за стратешки комуникации.
Перење на вестите – Техника на преземање на веста од оригиналниот извор и потоа „плакнење“ на веста преку „медиуми-посредници“ за да се сокрие потеклото на веста. Во овој процес на плакнење, веста доживува намерна поинаква интерпретација. Се одстранува вистинската содржина и порака, а клучните пораки се преиначуваат или намерно поинаку се преведуваат.
Преку ставањето на веста во поинаков контекст и агенда, поединечните случаи на дезинформација се ставаат во служба да влијаат на некоја јавна дебата во земјата или на прашања од државна безбедност. Затоа е потребно, од стратешка гледна точка, сите овие вести и информации да бидат ставени во поширок контекст, да не се забораваат и да се внимава како би влијаеле и како ќе се развиваат на подолг рок.
Во таа насока, потребно е да се знае и да се пресретне следново: во контекст на систематски активности на ширење дезинформации, секоја содржина е подложна на непријателски дејствија. Дури и минималните измени на одредени изјави се доволни тие да добијат сосема поинакво значење. Ова ја нагласува потребата од тренинзи за подобрување на знаењата и разбирањето на медиумите и нивно функционирање, како и на заканите базирани врз ширење (дез)информации.
Погрешното цитирање е раширено во медиумите. Некогаш тоа се случува несакајќи, при уредување на веста од страна на уредникот со цел да се стави акцент на одредена мисла, изјава и содржина. Тоа е кога се случува ненамерно. Но во случаите на ширење дезинформации се работи за намерни и систематски обиди за измама со евидентни последици.