Оригинален наслов: РУСИЈА ПРОИЗВЕДЕ ЕФИКАСЕН ЛЕК ЗА РАК
Во последно време во неколку медиуми имаме пресретнато наслови коишто даваат лажна надеж дека руски здравствени истражувачки центри имаат пронајдено ефикасен лек против рак.
Русија Бејонд со горенаведениот наслов кај читателите се труди да наметнува впечаток дека е пронајден нов руски препарат, и за истото се повикува на изјава од страна на Олег Салагај којшто е директор за јавно здравје и комуникација при Министерството за здравје на Русија. Истражувајќи ги изјавите на официјалните лица и медиумите на кои се повикуваат нашите медиуми, се доаѓа до заклучок дека се работи за истражување во тек од кое што уште нема финални заклучоци, а пак насловот го тврди сосема спротивното.
Сметаме дека насловите од овој тип, коишто нудат лажна надеж кај очајна таргет група на граѓаните и истовремено настојување на промоција на Русија како извор на решавање на сите проблеми, се дел од долгогодишен пропаганден стил којшто со ништо не им служи на читателите.
Медиуми кои ја објавија оваа вест се : mk.rbth.com , lenta.ru
Русија бејонд како медиум во Северна Македонија за примарна цел има да се промовира Русија, без разлика дали одредена вест е точна или не, намерно шири тендециозни наслови за да се замајува јавното мислење кај нас и истовремено да се глорифицира напредувањето на нивниот спонзор во секоја област.
Проверувајќи ги линковите и авторитетите на кои се повикува овој медиум, дојдовме до сознанија дека се работи за истражување во тек, кое е далеку од крајната посакувана цел.
Тендециозно е употребување на наслов којшто е заблудувачки за читателите, кој тврди дека Русија има пронајдено лек, а пак од друга страна истото го нема поткрепено со веродостојни податоци и линкови, е разочарувачки и сериозно го става под знак прашалник горенаведениот медиум како сериозен извор на информирање.
Точно е дека повеќе истражувачки центри низ светот веќе се занимаваат со оваа проблематика, но досега немаат пронајдено ефикасен лек којшто би спасил милиони животи од малигни заболувања.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО