Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: УВОЗ НА ГЛАСАЧИ !!!! МОСТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВАвторите објавиле фотографии со неколку туристички автобуси на косовска превозна компанија, и тврдат дека луѓето се гласачи од Косово кои на 21-ви април дошле да гласаат.imageВаквите тврдења беа објавени на Твитер.imageНа порталот Доказ.мк беа објавени истите фотографии со тврдење „Увоз на гласачи“, наведувајќи ја само локацијата на паркираните автобуси.Архивирана статијаimageНа Мина репорт, фотографиите беа објавени со тврдење дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со заеднички сили ја присилуваат македонската јавност да гласа, поради тоа што излезноста до 17 часот била 34%.Архивирана статија

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Очигледни се фотографиите од туристички автобуси кои транспортираат патници од Косово во различни градови и држави, вклучувајќи ја и Северна Македонија.Тврдењата не измамуваат со фотографиите, туку со нивниот опис, бидејќи наводно, автобусите носат гласачи од Косово, а притоа не нудат никаков доказ за да го поткрепат тврдењето дека патниците се гласачи. Целта на нивната посета може да биде различна.Со кликнување на Фејсбук страницата на оваа транспортна компанија, може да се потврди нејзината дејност – превоз на патници, и тоа во различни земји.Што се однесува до постот на Твитер, истиот не заслужува коментар, бидејќи манипулира и навредува. Истото се однесува и на поголемиот дел на коментарите.Не би било логично косовски граѓани кои немаат документи или кои не живеат во Северна Македонија, да дојдат да гласаат во ваков број на избори, и тоа со туристички автобус ?
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.