Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Средбата со Александар Сорос била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан Оригинален наслов: “Заев од Сорос барал пари, од Рама албански гласови, на Ел Чека му дале бомби за ДУИ?” Порталот Република објавува
текст со горенаведениот наслов, кој иако во прашална форма сепак содржи импликација дека Заев барал пари од Сорос, од Рама албански гласови, а на Ел Чека му дале бомби за ДУИ.
„Имено за време на средбата со Александар Сорос во Охрид, Заев побарал од него пари за финансирање на кампања и поддршка на медиуми, а за возврат тој е согласен како премиер доколку се оствари најавуваниот есенски бран на мигранти, за дел од нив да обезбеди брза рута за транспорт кон северна Европа, а дел да ги задржи во земјава и македонската влада да обезбеди простор и услови за нивно домување. Додека пак од албанскиот Премиер Еди Рама, кој важи исто така за близок до милијардерот Сорос, Заев наводно побарал да влијае и да помогне во обезбедување на албански гласови кои ќе одат на контото на СДСМ. Одговорот на Рама на ова барање на Заев наводно бил дека Албанците се слободни граѓани и тој тие гласови не ги држи во својот џеб, потенцирајќи дека ако се замеша, би му замериле од ДУИ. Порталот неофицијално дознал дека Заев дал информација дека висок полициски функционер отпатувал во Чикаго и остварил средба со Ел Чека снабдувајќи го со материјали кои во наредниот период би го компромитирале ДУИ“, се вели во текстот на Република.РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Освен празните теоори на заговор, порталот Република не нуди никакви докази туку се повикува на
нивни неофицијални извори. Содржината на текстот е лажен и непроверен опис за прикажаните настани и лица презентирајќи ги како дел или резултат на некаков скриен план (заговор). “Заговорот” подразбира тајно здружување и дејствување на одредена група луѓе, во случајот премиерот Заев, Александар Сорос, албанскиот премиер Рама и Ел Чекa кои наводно “сакаат да реализираат лични интереси” кои се “штетни” за државата.Имено, од средбата со синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос во Охрид, наводно произлегува “скриениот план”. Во недостиг на докази за целиот овој “наводен план”, текстот може да се класифицира како
медиумска теорија на заговор, креирана од порталот Република.Порталот Република објавува и низа фотографии во обид да му даде што повеќе значење и веродостојност на текстот во отсуство на факти. Фотографиите според нив треба да покажат големо обезбедување ангажирано за Александар Сорос. Тоа што порталот не го кажува е дека истиот ден во Охрид претстојуваат и двајца премиери и еден претседател (премиерите на Северна Македонија и Албанија, претседателот на Србија), како и високи претставници на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој итн. Хеликоптер и големо полициско обезбедување е стандардна процедура при посети на вакви високи функционери..Владата во писмен одговор потврдува која е целта на средбата:
Александар Сорос се сретнал со Заев во Охрид поради „мини Шенген“ , која воедно била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан. Средби биле одржани со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка , како и со заменик претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои како што велат од Владата, се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование.Веста со овој наслов и содржина во која се крие
теорија на заговор, креирана од порталот Република, без никакви официјални и кредибилни докази, сепак така непроверена продолжува да се пренесува за кратко време од поголем број
портали :
pressingtv.mk,
vecer.mk,
kurir.mk,
vesnik.com,
digitalnews.mk,
lider.com (подоцна избришана),
ekonomski.mk,
infomax.mk (подоцна избришана),
ripostmk.com,
denesen.mk.Целта на оваа медиумска теорија на заговор е политички интерес. Како основа е земена информацијата за средбата на лидерите на Западен Балкан во Охрид и понатаму се креира
дезинформација со елементи на теорија на заговор, за да се манипулира јавноста за наводно скриен план на премиерот Заев кој е штетен за народот. Резултатот од ваквото медиумско известување во секој случај е штетен за јавноста.Александар Сорос е учесник во многу слични форуми низ светот. Учеството на мини-шенген самитот во Охрид не е преседан врз кој може да се изгради теорија на заговор. На пример, само неколку дена по самитот во Охрид, Александар Сорос учествува и на Парискиот мировен форум (11-13 ноември), заедно со повеќето светски лидери, вклучувајќи ги лидерите од регионот.