Едно од најчесто користените средства за ширење на националистичката реторика е тврдењето дека секогаш има некаков заговор против Македонија. Спорот за името со Грција и неговото решавање не помогнаа во однос на ова прашање, а клучните историски настани, како што се Референдумот за промена на името и усвојувањето на уставните измени, кои произлегуваат од Преспанскиот договор, беа користени за ширење на хистерија. Сепак, она што никој не го очекуваше во ова сценарио, беше да се обвини ни повеќе ни помалку информатичкиот гигант Google.
Повеќе нема да постојат придавката „македонски“ и македонскиот јазик?
На крајот на Август 2018 година, во предвечерието на пред Референдумот за промена на името, беше објавен текст во кој се тврдеше дека Google го избришал македонскиот јазик и го нуди бугарскиот јазик како опција. Фактот дека овој случај беше споменат во статијата Како дезинформациите му наштетија на Референдумот во Македонија, на блогот на Германскиот Маршалов Фонд на САД (непартиска, непрофитна организација основана како подарок од Германија како траен спомен за помошта од Маршаловиот План) само покажува дека ова не треба да биде занемарено.
Извор: expres.mk
Извор: expres.mk
Очигледно, овој наратив за дезинформирање „ја постигна својата цел”, па уште еден напад против Google, овој пат на неговата подружница YouTube, се случи на 13 јануари 2019 година, тврдејќи дека YouTube ги брише песните означени како „македонски“. Повторно, тајмингот не можеше да биде посовршен, само два дена по донесувањето на уставните измени што се случи на 11-ти Јануари, имплицитно укажувајќи дека Преспанскиот договор го негира македонскиот идентитет. Трендот на социјалните медиуми да се споделуваат македонските песни и да се шири дезинформацијата дека YouTube ги брише македонските песни, може да се забележи дури и во средината на Февруари 2019 година.
Овој наратив продолжи во март, но овој пат за тоа дека светскиот пребарувач Google почна да ги менува називите на македонските институции, и тоа еден ден пред промената навистина да се случи, ама не така како што имплицираа медиумите, туку во согласност со Договорот од Преспа.
Извор: vesnik.mk
Извор: republika.mk
Зошто ова не е вистина и треба да се третира само на ниво на теорија на заговор?
Се разбира, ниту едно од горенаведените тврдења не се вистинити. Факт е дека Google, како една од најголемите информатички компании, ги обезбедува своите услуги на повеќе јазици, вклучувајќи го и македонскиот јазик. Пребарувањето на Google (достапно на македонски јазик) и Google Translate (каде што македонскиот јазик е вклучен меѓу само 103-те достапни јазици) е доволен доказ. Всушност, одлуките донесени од приватна компанија не се базираат на национализам, туку само на пазарната логика, односно тие само земаат предвид дали некоја услуга е профитабилна или не, во зависност од големината на пазарот на кој се нуди/продава соодветната услуга.
Другото тврдење е далеку побесмислено. Откако се појави овој текст, следеше бран на постирање на македонски песни од корисници на Фејсбук). Пребарувајќи го YouTube во средината на Февруари 2019 година, можеше да се најде огромен број на песни означени како „македонски“ (Macedonian), како што може да се види тука. Да не го споменуваме фактот дека единствената причина поради која YouTube би отстранил одредена содржина е прекршување на авторските права, природата на содржината или други прекршоци, што може да се проверат тука.
Што е суровата вистина?
Овие лажни приказни се користат за поттикнување на националистичка еуфорија за да се опонира на долгоочекуваното решавање на спорот за името со Грција, со што се отвори Евроатлантскиот пат за Македонија и нејзиното дефинитивно позиционирање во западниот свет. Суровата вистина е дека приватните компании воопшто не се грижат за таквите приказни и работат во согласност со сосема различни принципи – либерални и пазарно-ориентирани, каде профитот е единствената идеологија. Интересот на Google е да се зголеми, а не да се намали бројот на корисници на неговите услуги. Колку повеќе корисници можат да бидат привлечени, толку подобро за компанијата, бидејќи со тоа ја зголемува својата маркетиншка способност. Ова особено важи кај YouTube. Да заклучиме, македонскиот јазик е здрав и жив, ништо помалку на Google и YouTube.
Последниот во серијата обиди да се злоупотреби Google, преку играње и комбинирање со зборови на пр. Македонска Радиотелевизија ќе се смени во Северно Македонска Радиотелевизија (СМРТ), беше уредно нотирана. Сите овие обиди имаат еден заеднички именител а тоа е да манипулираат со националните чувства на граѓаните и да го напаѓаат и подриваат Договорот од Преспа и неговата имплементанција.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО