Насловот на пренесената анализа на F2N2 од страна на Мактел е говор на омраза.
Тимот на F2N2 се залага за спречување на овие девијантни појави во медиумите. Настојуваме да укажеме на обидите за манипулација преку објавување на дезинформации, што упатува на наведување на јавноста на погрешни заклучоци. Покрај тоа се залагаме за искоренување на говорот на омраза во медиумите.
Во нашите анализи и едукативни написи често укажуваме на непосакуваниот ефект, кој е резултат на говорот на омраза. Токму од овие причини, би сакале да нагласиме дека не дозволуваме нашите анализи да се пренесуваат преку речник, кој содржи елементи на говор на омраза.
Го повикуваме уредникот на Мактел да го повлече својот наслов, со кој се повикува на нашата анализа, бидејќи тоа е спротивно на принципите и стандардите за кои се залагаме.
Медиумите и новинарите мора да ја негуваат културата и етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО