ОПИС

Оригинален наслов: Додека светот се занимава со коронавирусот, тајните служби иммаат поинакви планови

Порталот Репортер.мк шири теорија на заговор за наводно формирање на европска тајна служба во тајност. Во текстот од статијата се дадени точни и прецизни информации за како се одвивал целокупниот процес за формирање на ова тело. Но, авторот во текстот наметнува дилеми за системот на контрола на вакви организации поради лошото искуство со ваквите организации во минатото. Поточно, го проблематизира прашањето за тоа кој и како ќе врши контрола врз ова тело, притоа надоврзувајќи се на Клубот од Берн за кој наводно се воспоставило дека делувал спротивно од целите на организацијата.  Меѓу другото, додава и дека останува нејасно каква функција би требало да има оваа платформа.

Линк до архивираниот оригинален натпис овде.

ФАКТ/И

Насловот и текстот на статијата не коренспондираат еден со друг. Порталот Репортер.мк, преку свесно и тенденциозно извртување на делумно точни информации креира теорија на заговор дека, во услови кога целата светска јавност е свртена кон справување со последиците од коронавирусот, речиси никој не го забележал формирањето на новата европска тајна служба чие основање се одвивало во тајност. Во статијата никаде не е наведено кој е авторот на текстот, .

Најпрвин, не е точно дека се работи за нова европска тајна служба. Ниту се работи за тајна служба ниту за платформа, туку се работи за меѓувладина иницијатива. Колеџот за разузнавање во Европа е единствена меѓувладина иницијатива за зајакнување на европската безбедност, која беше иницирана на 5 март 2019 година во Париз. Оттука, не е точно дека се формирала во тајност во услови на пандемија. Се состои од 23 земји-членки и 7 земји-партнери кои, на 26 февруари 2020 година во Загреб, потпишаа писмо со кои ја демонстрираат волјата за пристапување кон оваа иницијатива.

Оваа иницијатива не е правно обврзувачка, туку делува како форум на разузнавачки служби во Европа. Основањето на колеџот е резултат на колективниот напор на европските разузнавачки заедници. Целта на оваа иницијатива е да генерира професионални и академски размислувања за широк спектар на теми поврзани со разузнавањето кои имаат за цел да придонесат за развојот на културата за стратешко разузнавање во Европа.  Оттука, нејзината функција е академска и стручна дебата за одредени актуелни безбедносни прашања и предизвици.

Овој текст, иако никаде не е наведено кој е изворот на информациите, е во целост превземен од српскиот портал Курир.рс кој бил објавен два дена претходно на 09.04.2020 година. Дури и, при преводот на текстот од српски на македонски, одредени зборови не се преведени автентично. На пример, “председништво” на македонски се пишува “претседателство”. Освен тоа, Репортер.мк го објавува овој текст во делот “заговор”, што само по себе кажува која е намерата што сака да се постигне со објавувањето на оваа статија.Авторот користи строго селектиран извор кој шири анти-ЕУ наративи, и врши извртување на вистинските факти. Тимот на F2N2.mk  го цени овој пост како пропаганда и дезинформација чија цел е дискредитирање на ЕУ, и преку ширење на теории на заговор за нивно тајно делување во услови на пандемија да ja поткопа довербата во Европската Унија и нејзината улога во разрешување на кризата предизвикана од коронавирусот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.