Интересот за специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева не стивнува. По појавувањето на информацијата за нејзиното боледување, медиумите во нов серијал за неа, овојпат со фокусот за нејзината здраствена состојба.Денес голем дел од медиумите, пренесоа податок дека Јанева неодамна се оперирала за да почне да слабее. Ова е неетично известување.Линк до објавите: медиумитеЗдраствената состојба е личен податок, кој според Законот за лични податоци, не треба да се споделува јавно. На ова инсистираше и СЈО, од каде ги известија медиумите дека поради заштита на приватноста, нема да споделат информации за здраствената состојба на специјалната обвинителка во оставка.Интересот за Јанева е голем, но тоа не треба да биде повод за неетично известување во медиумите.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО