ОПИС

Оригинален наслов: Повторно ќе има покачување на цената на струјатаНа 29 -ти октомври, анонимниот портал thenewsgo.co обајви текст со наслов Повторно ќе има покачување на цената на струјата. Истата вест со идентичен наслов беше објавена и од страна на други портали како Zase.mkbulevar.mkSkopjeInfo.mk.

ФАКТ/И

Во насловот на веста категорично се тврди дека струјата ќе се покачи, без да се прецизира кога. Но ова тврдење е неточно, неосновано и непоткрепено со некаков доказ за тоа. Во содржината на текстовите стои дека МЕПСО наводно немало да се откаже од покачувањето на струјата и дека не се знаело ниту дали зголемувањето ќе помогне да ги покријат сите потребни инвестиции на компанијата, затоа што добиле минимално покачување, иако побарале многу повеќе. Но, според изјавата на директорката на АД МЕПСО, г-ѓа Шуклева, не се знае дали МЕПСО идната година повторно ќе побара нов раст на цената. Во изјавата никаде не стои дека ќе има покачување оваа година, ниту пак дека има одлука за такво нешто. Порталите само ја искористиле нејзината изјава во однос на редовната корекција на цената струја која се врши во месец јули, и ја спинувале во насока на поттикнување на страв и несигурност кај граѓаните дека покрај економската криза како резултат на пандемијата ќе следи уште една мерка која ќе ги удри по џебот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.