Оригинален наслов: Инцидент во срцето на Европа: НАТО членка извршила инвазија на друга НАТО членка
На 13 јуни порталот Relaxirano.com објави текст со наслов Инцидент во срцето на Европа: НАТО членка извршила инвазија на друга НАТО членка. Во текстот се вели дека прилично неверојатно звучи веста дека во 21 век, во срцето на Европа, воена членка на НАТО со својата армија извршила инвазија на територија на друга членка на НАТО. Во инцидентот нема испукани куршуми, не избила ниту војна, туку следело големо извинување и признание дека се работи за грешка. Бизарен инцидент се случил на чешко-полската граница, кај селото Пјелгризмов, пред околу десетина дена, пренесува Блица.Линк до оригиналната статија тука.
Ова е одличен пример за клик бејт. Имено, насловот на текстот е сензационален и има за цел да ги привлече читателите да ја отворат содржината на текстот. Но, во содржината вистината е сосем друга.
Иако се вели дека прилично неверојатно звучи веста, сепак авторот на текстот креирал анти-НАТО пропаганда со насловот. За читателите прв впечаток е дека навистина се случил некаков инцидент, односно земја-членка на НАТО извршила инвазија на друга земја-членка.
Но што точно се случило?
Се работи за настан кој се случил во месец мај на границата помеѓу Полска и Чешка. Во прилог на текстот е поставено и видео, со текст од CNN, во кое се објаснети недоразбирањата што се случиле на границата помеѓу Полска и Чешка.
Наводниот “инцидент“ се случил во близина на Пјелгризмов, мало гранично село во јужна Полска. Имено, полската војска во месец мај поставила контролен пункт на делот од територијата на Чешка и спречиле неколку чешки државјани да одат кон црквата која се наоѓа на територијата на нивната сопствена земја. На таквото однесување од полските војници реагирале од чешката страна кои побарале официјално објаснување од полските институции за настанот.
Во одговорот за CNN од Министерството за одбрана на Полска, се вели дека се работи за недоразбирање кое се случило поради пандемијата со коронавируост.
“Војниците на полската армија ја подржуваат Граничната гарда во заштитата на државната граница по нејзиното затворање заради пандемијата на коронавирус.Операцијата ја води Оперативната команда на вооружените сили, која е во директен контакт со граничната стража. Поставувањето на граничниот пункт е резултат на недоразбирање, а не намерно дело. Тоа беше веднаш корегирано и случајот е решен, истотака и од страна на Чешка“,.објасни полското Министерство за одбрана.
Границите меѓу земјите на Европската унија се речиси “невидливи” бидејќи граѓаните уживаат слобода на движење.
Но, поради пандемијата на коронавирус земјите го исклучуваат влезот на странците за да го контролираат ширењето на вирусот. Полска го блокираше влезот во земјата од месец март.
Овој текст, поточно неговиот наслов има за цел да креира анти-НАТО пропаганда, како и да направи дискредитација на НАТО сојузниците. Целта е да се предизвика недовeрба и несигурност кај јавноста во НАТО Алијансата. Насловот е само “мамка” да се наметне погрешен впечаток кај читателите.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО