ОПИС

Оригинален Наслов: Се подготвува ли срам: Пресретнат план на полнење кутии

Медиум лиферува напис во кој се повикува на друг напис од друг медиум направен наводно според информации од свиркач кој од германска е-маил адреса изнесува тврдења дека партијата на власт подготвува изборен фалсификат на претседателските избори. Наводно, се работи за пресретната комуникација меѓу високи функционери на СДСМ, еден од нив член на изборниот штаб на кандидатот, сега претседател, Стево Пендаровски.Во таа насока и други медиуми се надоврзаа и се споделуваа вести и текстови без поткрепени наводи, но обоени со параноја и дошминкани со наводни информации за предизборни местенки, кои тимот на F2N2 ги провери и се покажаа како целосно неточни.

ФАКТ/И

Наспроти овие тврдења, Државната изборна комисијаОБСЕ/ОДИХР, како и другите релевантни набљудувачки независни авторитети како МОСТ, кои со децении ги следат изборите во земјата, излегоа со оценки пренесени преку медиумите кои покажуваат дека изборите се одржаа во ред и генерално без неправилности. Дополнително, до ДИК беа испратени вкупно 12 жалби, од кои само 4 беа прифатени и истите не влијаеа на конечниот исход од гласањето.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.