Оригинален наслов: Древно пророштво на германски свештеник од 17 век: Една мала земја сите ќе се обидат да ја уништат, но во неа ќе се симне БОГ!Според екран.мк мистериозниот германски свештеник чие име не е наведено никаде предвидел дека „Уште еден многу важен, а за нас особено интересен дел од пророштвото, се однесува на мала земја на југот на Европа, што ќе биде исклучително важно кога ќе дојдат последните денови.“ И како што стои во насловот таа мала земја наводно сите ќе се обидат да ја уништат, но во неа ќе се симне БОГ.
Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Опасностите од штетите и негативното влијание на теориите на заговор во модерниот дигитализиран и вмрежен свет се потценети и на нив главно се гледа како на тривијални рецидиви и преработки на митови и легенди. Нивното потценување оди до таму што популарните социјални мрежи, како што се YouTube и Facebook, преку своите алгоритми го поттикнуват нивното ширење само затоа што тие носат огромен број посети и кликови на нивните платформи.
Низ српските портали се ширеше лажна вест за „пророштво објавено во книгата „Тајните на пророците“ и го опишува 21-от век на највпечатлив начин, нарекувајќи го најдевијантен од сите“. Меѓу тие што ја споделуваа оваа вест се вообичаените про – руски портали како што се Kurir.rs, Pressonline.rs, Telegraf.rs, додека истите наведуваат дека веста ја превземале од dnevnik.hr. За жал, и Северна Македонија не беше имуна, при што на 11 Јули 2020, порталот екран.мк се приклучи на пропагандата.
Освен што се работи за напис без никакви докази и тоа што е напишана под сите стандарди, јасно е дека се работи за напис кој служи за алатка на пропаганда и ширење на лажни вести.
Интересно е тоа што всушност оваа вест е прилично стара, па така на пример. Telegraf.rs, Pressonline.rs и Kurir.rs за прв пат ја објавиле веста на 17 декември 2014 година, додека markukule.mk ја објавиле веста на 23 Април 2018 година. Се чини дека екран.мк, “задоцниле во актуелноста” на оваа вест, па одлучиле да ја рециклираат оваа стара лажна вест.
Тимот на Ф2Н2 сметаат дека иако овие написи немаат речиси никаква новинарска издржаност и се пренесуваат како темно пророштво и легенда, сепак тие целат кон сензибилитетот на читателите кои бараат надисторискa смисла или натприроден контекст за случувањата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО