Оригинален наслов: Васко поп Петревски брцнал од кешот на Орце преку Оливера?
На 27.07.2019 порталот Доказ објави шпекулација, која ја потенцира уште во самиот наслов. Насловот спротивно на новинарските стандарди, е во прашална форма.
Целта е дискредитација на уредникот на „360 Степени“, Васко Попетрески.
Линк до објавата: Доказ
Насловот на оваа вест е шпекулација. Ни текстот нема никаква потврда, која ќе ја поткрепи шпекулацијата во прашална форма, истакната во самиот наслов.
Целата објава е неоснована и тенденциозно објавена, со цел да го наруши угледот на уредникот на „360 Степени“, Васко Попетрески. Во пишувањето на текстот нема докази, со кои ќе се аргументираат обвинувањата, кои се посочени уште во самиот наслов.
Затоа пак постои доказ дека тоа што Васко го пласираше на својот сајт не е лажна вест, а потврдата за тоа има директно од СЈО.Новинарите треба да објавуваат точни и проверени информации. Потсетуваме дека медиумите имаат одговорна улога во информирањето на јавноста. Новинарите во своите текстови мора да ги запазуваат и почитуваат стандардите за професионално известување. Јавноста не смее да биде наведувана на погрешни заклучоци.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО