Селаните во Бариша (Сирија) биле запрепастени на 28-ми октомври, откако имало пукање од хеликоптери 30 минути пред американските војници да се активираат на теренот. Тие рекле дека хеликоптерите испукале проектили кон две куќи, срамнувајки ја со земја едната. Багдади избегал во мрежата од подземни бункери и тунели кои што се ширеле низ поседот, носејќи самоубиствен елек и влечејќи со себе две од своите деца. Бидејќи кон него лазел воен робот и било испратено куче за да го собори, Багдади се нашол во ќорсокак. Тој го запалил својот самоубиствен елек, убивајќи се себеси и своите деца и предизвикувајќи пропаѓање на тунелот, според Трамп. За да дојдат до остатоците од Багдади, војниците морале да копаат низ рушевините. Лабораториските техничари спровеле ДНК тест на лице место и во рок од 15 минути од неговата смрт, тие позитивно го идентификувале. Трамп рекол дека американските трупи останале во комплексот околу два часа по смртта на Багдади и извлекле високо чувствителен материјал за Исламската држава, вклучително и информации за нејзините идни планови. Откако војниците се повлекле, американските борбени авиони испукале шест ракети кон куќата, израмнувајќи ја со земја. Непосредно пред 3:30 часот по сириско време, флотата од хеликоптери одлетала назад во Ирак. Остатоците од Багдади подоцна биле фрлени во морето.Горенаведената приказна е од „Гардијан“, каде може да се види видео од американската воена операција против озлогласениот Абу Бакр ал Багдади. Трамп ја објавил смртта на Багдади употребувајчи ги зборовите; „Тој умре како куче!...“, со што јавноста го спореди својот говор со оној на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата објава за смртта на Осама бин Ладен. Според „Гардијан“, шефот на американската Централна команда, генералот Кенет Мекензи, изјавил дека бомбардирањето се случило откако биле евакуирани сите напаѓачи и преживеани и било извршено така што поседот во близина на турската граница да не може да стане светилиште. Мекензи не бил во можност да го потврди тврдењето на Трамп дека лидерот на ИСИС „плачел, цимолел“ во моментите пред неговата смрт.Но, кој беше Багдади и каква е иднината на ИСИС? Абу Бакр ал-Багдади ал-Курјаши беше роден во Ирак, водач на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ). Во јуни 2014 година, тој беше избран за калиф на ИСИЛ од страна на Советот на Шура, кои ги претставуваа оние членови на Исламската држава кои се квалификувани да избираат калиф. Станувајќи сѐ попроминентнен во ИСИЛ по притворањето со командантите на Ал Каеда во американскиот камп Бука во Ирак, Багдади се вклучил директно во злосторствата и кршењето на човековите права преку ИСИЛ. Тука се вклучени и геноцидот на Јазидите во Ирак, екстензивното сексуално ропство, организираното силување, камшикување и системските егзекуции. Тој управувал со терористичките активности и масакрите. Тој ја прифатил бруталноста како дел од пропагандните напори на организацијата, произведувајќи видеа на кои се прикажува сексуално ропство и егзекуции преку сечење, каменување и горење. Самиот Багдади бил силувач кој чувал неколку лични сексуални робови. Ал-Багдади подоцна тврдел дека тој потекнува од племето Курејш, па според тоа и директно од потомството на пророкот Мухамед, иако нема докази за да се поткрепи неговото тврдење.Во интервју за „Дејли телеграф“, современиците на ал-Багдади го опишуваат во младоста како срамежлив, неимпресивен, религиозен ученик и човек што избегнувал насилство. Ахмед ал-Дабаш, водачот на Исламската армија на Ирак и современик на ал-Багдади кој се борел против сојузничката инвазија во 2003 година, даде опис на ал-Багдади што одговара на оној на жителите на Тобчи: „Бев со Багдади во исламскиот универзитет. Студиравме ист курс, но тој не ми беше пријател. Тој беше тивок и повлечен. Тој минуваше време сам... Порано ги познавав сите водачи (на бунтовниците). Заркави (поранешниот лидер на Ал Каеда) ми беше поблизок од брат... Но, Багдади не го познавав. Тој беше небитен. Порано водеше молитва во една џамија близу мојата област. Никој всушност не го забележуваше него.“ Во 2004 година тој беше заробен во близина на Фалуџа од страна на американските сили и беше задржан во Абу Граиб и во кампот Бука, објект во јужен Ирак каде беа и многу поранешни притвореници во Абу Граиб. Неговиот статус бил „цивилен практикант“, што значи дека тој бил поврзан со терористичка група, но не бил фатен како активно учествува во терористички активности.Во затвор, се чини дека Багдади изгледал како некоја невина личност и, не успевајќи да го идентификуваат како особено опасна личност, американските чувари го ослободиле. Во затворот, сепак, се чини дека тој бил радикализиран од борците од Ал-Каеда, а по ослободувањето станал член на AКИ. Во 2015 година, Багдади го претвори ИСИЛ од борбена сила што дејствува во Сирија и Ирак, во транснационална терористичка франшиза која убивала цивили во повеќе од десетина земји низ целиот свет. Оркестрирајќи напади против меки цели - вклучително и спортски стадиони, одморалишта на плажа и музеи - ИСИЛ убиле повеќе од 1.200 цивили надвор од Ирак и Сирија таа година додека привлекувале постојан прилив на регрути во име на каузата.Што се однесува до наследникот на Багдади, нема информации кој би можел да биде, но според „Гардијан“, генералот Мекензи рече дека САД нема никакви илузии дека го уништил ИСИС и предупредува дека групата ќе се обиде да се одмазди; „Тие ќе бидат опасни. Се сомневаме дека ќе изведат некаков вид на одмазднички напад“, рече тој. „Не гледаме бескрвна иднина затоа што за жал оваа идеологија и понатаму ќе постои“. Мерал Мусли Тајроска – психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам и активист за родова еднаквост  https://www.theguardian.com/world/2019/oct/28/visual-guide-to-the-raid-that-killed-isis-leader-abu-bakr-al-baghdadi https://www.theguardian.com/world/2019/oct/28/visual-guide-to-the-raid-that-killed-isis-leader-abu-bakr-al-baghdadi https://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/middleeast/iraq/10948846/How-a-talented-footballer-became-worlds-most-wanted-man-Abu-Bakr-al-Baghdadi.html

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.