ОПИС

Постојат многу граѓани на кои лековите им се од животно значење, ширењето лаги во врска со достапноста на лековите е нехуман обид за политизација на оваа мерка кој може сериозно да им го загрози здравјето, а со тоа и животите на овие луѓе.

Оргинален наслов: Од денеска нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само со лична карта и пасош!

Порталот Курир објави статија која ги дезинформира граѓаните уште во самиот наслов. Имено, во нивниот наслов е наведено дека од 1-ви Октомври граѓаните нема да можат да земаат лекарства од аптека за своите болни роднини. Оваа дезинформација беше пренесена и од страна на порталите: МаркукулеЕкономскиИнфомаксПресингТвПулс24.

Линк до објаваKурир.мк

ФАКТ/И

На 1-ви Октомври премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорите на ФЗО, Ден Дончев и Орхан Рамадани,  одржа прес-конференција на која беше најавена реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава. На прес-конференцијата еден од директорите на Фондот за здравствено осигурување, Орхан Рамадани, изјави дека:

Притоа нагласувам, постарите лица, деца под 18 годишна возраст, како и лица кои не се во состојба сами да ги подигнат лековите, не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста, во нивно име, нивни блиски да може да го подигнат лекот“.

Доволен доказ дека текстовите објавени на порталите наведени погоре се дезинформација и обид за манипулирање со јавноста.

Ширењето лаги по ова прашање може во голема мерка да го искомплицира животот на поголема група на граѓани и претставува нехуман обид за политизирање на оваа мерка, кое несомнено може да им го загрози здравјето на луѓето кои имаат потреба од навремено снабдување со лекови.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци – гласи Членот 1 од Кодексот на новинари.

03.10.2019

А.М.Д.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.