Пред неколку дена објавивме текст за бегалскиот камп „Ал-Хол“, кој е бегалски камп во јужното предградие на градот ал-Хол во северна Сирија, близу до границата Сирија-Ирак, каде се наоѓаат лица раселени од територијата окупирана од Исламската држава ИСИЛ. Тој е контролиран од сириските демократски сили поддржани од САД (СДФ). Заклучно со април 2019 година, населението во кампот изнесуваше 74.000 лица, кој број се зголемил од 10.000 на почетокот на годината. Според Си-Ен-Ен околу 50.000 жители на кампот се деца, додека повеќето од нив се жени и 15% од жителите тука се странци, но меѓународната заедница со месеци го запоставува кампот. Кампот веќе претставува смртна казна за жителите заради лошите услови, а исто така некои од жените проговореа за криминалните активности што се одвиваат во кампот.Додека на Балканот повеќето земји се обидуваат да ги вратат жените и децата, самиот процес трае многу долго. Опишувајќи ја ситуацијата во кампот Ал Хол како „застрашителна“, Комисијата на ОН за истрага во Сирија ја повика меѓународната заедница да преземе активности. Повеќето од децата кои се наоѓаат таму немаат документи за регистрација на раѓањето, се вели во последниот извештај на Комисијата за конфликтот. Тие ризикуваат да останат без државјанство затоа што земјите-членки се чини дека не сакаат да ги вратат, плашејќи се од екстремистички врски, објасни претседателот на комисијата Пауло Пинхеиро; „До 70.000 лица остануваат интернирани во неприфатливи и нехумани услови во логорот Ал Хол, од кои огромно мнозинство се жени и деца на возраст под 12 години“. Упатувајќи трогателна жалба во име на постарите деца од 12 до 18 години, прашувајќи дали обвинувањата и сомневањата за терористичка припадност изнесени против нив биле точни, тој рече дека Комисијата „смета дека ова е комплетно застрашувачко“. Според извештајот на Комисијата, хуманитарната реакција на потребите на Ал Хол „остануваат значително несоодветни“, со регистрирани стотици смртни случаи кои може да се спречат.Најмалку 390 деца починале од неухранетост или нелекувани инфицирани рани. Некои земји, како Казахстан, имаат посебни програми за ресоцијализација на жените и децата, за разлика од Велика Британија и Германија, кои спроведуваат правни постапки. Судот во Велика Британија одлучи да ги Мисијата на ОБСЕ во БиХ изјави за БИРН дека на некои повратници ќе треба да им се суди, но други ќе бидат ресоцијализирани надвор од криминалниот систем. Депортирањето на девет мажи и едно тригодишно дете кое останало без семејство беше договорено за во октомври, но операцијата беше одложена по турската воена интервенција во северна Сирија. Децата родени во Сирија и Ирак се посебен проблем. За сега воспоставен е механизам за утврдување на нивниот идентитет пред нивното депортирање, затоа што е неопходно да се утврдат биолошките родители, дали овие деца имаат право на државјанство во БиХ.„Никој кој нема државјанство во БиХ нема да биде прифатен, а ДНК-анализата ќе биде крајната мерка“, рече министерот Мактиќ за новинската агенција Хина. Од почетокот на сирискиот конфликт до сега, околу 80 граѓани од Северна Македонија биле вклучени во воени операции, логистика и тие се вратиле во Македонија. Меѓу нив .Западните влади се мачат да донесат одлука што да прават со граѓаните кои станале борци на ИСИС и со нивните семејства. Загриженоста за безбедноста ги тера многу земји да се колебаат да ги вратат притворениците. Велика Британија и Германија ги искористија своите моќи да им го одземат државјанството на граѓаните кои ги напуштија државите за да се борат за ИСИС. Но, притисокот врз европските влади неодамна се засили околу судбината на илјадници деца заглавени без своја вина во камповите на ИСИС.За само околу 300 се знае дека се вратени во матичните земја од јануари 2019 година. Овој број датира уште пред да започнат турските воени операции на 9 октомври. Во неделата од почетокот на операциите, пријавено е дека се убиени најмалку 11 деца, а бројката на повредените се проценува дека е многу повисока од пријавените. Овие деца припаѓаат на дури 40 различни националности од целиот свет. Меѓу европските нации, Косово вратило 74, Франција 17, Шведска седум, Белгија шест, Норвешка пет, Холандија две и Данска едно, додека Северна Македонија има само едно лице. Косово претставува посебен случај во Европа, бидејќи регионот е 90 проценти со муслиманско население и имал значителен број граѓани што го напуштиле Балканот за да се приклучат на ИСИС. Тоа продолжува да ги враќа децата и сопругите на странските борци.Иако светските лидери се едногласни за невиноста на овие деца, сепак тие ги третираат како ничии деца. Повеќе од јасно е колку се влошени условите во тие кампови, но сепак процесот на враќање на децата се одвива преспоро. Експертите за екстремизам и радикализација ги повикуваат своите влади да преземат акција додека можат, овие деца се жртви, тие не виделе ништо друго освен конфликт и беда, бебињата се родени во воени зони и одговорност е на нивните земји да им помогнат да се опорават и да се вратат во нормала, додека сè уште можат! Мерал Мусли Тајроска - психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализација и активист за женски права.  https://news.un.org/en/story/2019/09/1046102 https://newseu.cgtn.com/news/2019-11-24/Thousands-of-Europe-s-ISIS-children-will-never-come-home-LRGCYxvDTW/index.html

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.