ОПИС

Оригинален наслов на текстот:  Заев ја условува Алтернатива. Или заедно со ДУИ ќе учествувате во кампања, или ќе го изгубите Министерството за култура

Шпекулациите за наводната оставка на министерот за култура датираат уште од 24-ти март, а веста што се анализира е објавена на 1-ви април. Повеќе од една недела се пишуваа текстови  за наводното заминување на министерот за култура Асаф Адеми од позицијата, и потоа и за враќањето, наводно со ултиматум од премиерот Зоран Заев кон партијата „Алтернатива“, дека ќе го изгубат Министерството за култура доколку не се приклучат кон ДУИ во претседателската кампања на Стево Пендаровски.

Линк до оригиналната статија тука.

Други портали кои ја објавија веста: infomagazin.netklik.mk

Линк до архивираната оригинална статија тука.

ФАКТ/И

Авторот на текстот уште во насловот почнува да ги манипулира читателите создавајќи  мит дека зборот на премиерот е последен за се, и дека наводно ја уценувал „Алтернатива“  да го врати министерот на работа. Со уцената се барало министерот да се стави во „служба“ на кандидатот Стево Пендаровски.

Со ова, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се става во позиција на човек којшто на сила изнудува подршка од партиите,  прикажува слика на систем каде што во функција се диктатурата и уцените. Покрај тоа, авторот „убива две муви со еден удар“ прикажувајќи ги албанските партии во владата како послушници на Зоран Заев, и како многу слаби или без право на збор.

Објавата на веста се поклопува со почетокот на кампањата, па тврдењата за наводно недавање на поддршка на Стево Пендаровски, стануваат уште по проблематични. Во прилог фотографии од настани организирани од Алтернатива за потребите на кампањата на претседателскиот кандидат Пендаровски.

Дополнително, треба да се земе предвид дека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, уште на Промотивната Конвеција, јасно укажа дека неговата партија ја поддржува кандидатурата на Стево Пендаровски. Oд друга страна, Министерство за култура излезе со официјална информација на 3-ти април, каде ја демантира веста за наводна оставка на министерот и ја информираат јавноста дека активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика.  Ова значи дека овие две активности немаат никаква поврзаност една со друга, додека пак од друга страна авторот сакал да ги прикаже како причина – последица.Извор: tetovasot.com 

Митинг на Алтернатива за поддршка на Стево Пендаровски, 06.04.2019, КумановoИзвор: tetovasot.com 

Митинг на Алтернатива за поддршка на Стево Пендаровски, 06.04.2019, Кумановo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.