ОПИС

Оригинален наслов: Се полнат ли кутии во Чаир, Сарај, Липково и Студеничани?

Само поради тоа што на вториот круг од претседателските избори во одредени општини има поголема излезност, медиумот лиферува шпекулативен текст со наслов кој не тврди, туку прашува дали се полнат гласачките кутии во тие места.Истата дезинформација се појавува и на профили на Твитер каде со мапа се изнесуваат местата каде има поголема излезност. Видливо е дека се работи во поголем дел во местата каде што живеат Албанци и дека таму наводно се случува полнење на кутии во корист на еден од кандидатите за претседател.

ФАКТ/И

Во текстот повторно нема автор, нема изјава, ниту пак потврда од релевантна институција или засегната страна. Нема ниту споредба од претходен втор круг на избори за да се види дали навистина се работи за невообичаено висок одзив  во втор круг на гласање. Исто така овој текст шпекулира и дека само во местата каде што мнозинство население се Албанци наводно се полнат гласачките кутии. Текстот ниту од професионален и од етички аспект не ги задоволува минималните стандарди. Наместо да поставува прашања во насловот, написот треба да дава одговори, а тимот на F2N2 во овој текст тоа не го пронајде, затоа овој текст го оценуваме како дезинформација која можеше да предизвика сериозни последици врз изборниот процес.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.