Оригинален наслов: Му ветија на Путин: „Вакцината ќе биде готова до септември, оваа година“
Порталот Точка.мк објави текст во кој пишува дека Рускиот Научно Истражувачки центар е близу до завршување на испитувањето на вакцина против коронавирусот. Информацијата вели дека вакцината ќе се тестира на 300 доброволци во текот на следниот месец , јуни 2020 година.
Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Сѐ уште не постои вакцина против коронавирус. За тоа најкредибилен извор е Светската Здравствена Организација која што ги координира сите земји кои што се во “трката” за пронаоѓање на вакцината. Во овој момент, над 120 земји прават лабораториски истражувања за можна комбинација на лекови кои што ќе служат за лекување на заболените од коронавирус. Само 8 вакцини досега успеале да стигнат до пробната фаза, сите други се во фаза на пред-клиничко испитување.
Вакцините кои што се во фаза на клиничка евалуација, вкупно 5, се воглавно од Кина, САД и една од Велика Британија, никаде нема руска вакцина.
Во прилог практично објаснување на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за тоа како изгледа клиничкото испитување, кое што вклучува тестирање на вакцината кај доброволци, како претпоследна фаза пред пуштање на вакцината во употреба. Како што вакцината се покажува ефективна, така расте и бројот на луѓе кои се тестираат и се лекуваат.
Тимот на Ф2Н2 веќе неколку пати пишуваше за величењето на руската медицина од страна на македонски портали кои што овие вести главно ги превземаат од српски националистички портали, и целта на овој наратив е воздигнување на Владимир Путин и Русија. Тимот на Ф2Н2 и претходно пишуваше дека рускиот лек Арбидол не е лек против Коронавирус, дека Хелиумот и Кислородот во комбинација истотака не се руско откритие туку „стар медицински занает“, и дека се уште нема лек за коронавирусот ниту во Русија.
Следете ги само медиумите за кои што сте сигурни дека објавуваат вести со информативна, а не со пропагандна цел. И, од повторување нема штета – проверете, проверете, проверете, пред да споделите.
Тимот на Ф2Н2 го цени овој пост како класичен пример на руска пропаганда.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО