Оригинален наслов: АА: Владата на Норвешка започнала истpaга за злoyпотреба на пари од Теута Арифи
На 17.07.2019 дел од медиумите објавија вест со шпекулација во самиот наслов, според која Владата на Норвешка започнала истрага за злоупотреба на пари од Теута Арифи. Оваа вест се прошири кај медиумите, по прес конференцијата на тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците.
Оваа вест е клик бејт. Во насловот има шпекулација, за која медиумите се повикуваат на изјавата од прес конференцијата на Алијансата на Албанците. Но, на прес конференцијата, партијата обвинува за загадување на почвата, а не за злоупотреба на пари од Владата на Норвешка за која е почната истрага.
Фактичката состојба е дека на 17.07.2019 Вицепремиерот Бујар Османи, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и Гир Јохансен, првиот секретар на Амбасадата во Норвешка беа во теренска посета во околината на селото Фалише. Тука се врши расчистување на старата тетовска депонија. Кога расистувањето ќе заврши, ќе започне изградбата на пречистителна станица за отпадни води за тетовскиот регион.
Чистењето на теренот и неговата подготовка, финасиски е помогнато од Владата и Општина Тетово, а транспортот на отпадот е финансиран од Норвешка, како дел од проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“. За реализасијата на оваа активност, Норвешка издвојува 700.000 евра.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО