Анализа на веројатноста нуклеарни бомби да предизвикаат земјотрес и разорно цунами.На неколку македонски интернет портали, a превземно од странски новински агенции, помпезно беше најавена инагурацијата на новата руска подморница “Белгород” од страна на Рускиот Претседател Владимир Путин која, како што пренесоа порталите, ќе биде опремена со “нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами”. Меѓу првите кои ја преноса оваа вест во Република Северна Македонија е порталот www.a1.on.mk , a статијата можете да ја најдете на следниов линк.Оваа теза навидум наивна, е серизна тема за истражување и дебати од повисок тип. Оттука, целта на на нашата анализа е да ги тестираме овие хипотези и, преку преставување на факти, да ја испитаме веројатноста од настанување на т.н “нуклеарното цунами”. Главните наоди на анализата се:
  • Нуклеарното цунами е МИТ! Сепак, нуклеарниот дрон во форма на гигантско торпедо би преставувале огромна опасност за непријателските воени пристаништа и подморници, поради способноста да навлезат длабоко во непријателската територија или да се доближат до непријателските подморници незабележително. Во зависност од јачината на нуклеарната боева глава, дури и при експлозија на нуклеарното дрон-торпедо на одредена оддалеченост од подморницата, би можело да предизвика сериозни оштетувања на непријателските подморници.

  • Идејата за супермоќно нуклеарно торпедо потекнува од познатиот нуклеарен физичар Андреј Сахаров , кој исто така одигра клучна улога во градењето на најголемата нуклеарна бомба што некогаш била направена – т.н. „Цар бомба“;

  • Рускиот претседател Владимир Путин, при неговото годишно обраќање пред Думата, изјави дека 300 нови модели на оружја (300 new models of weaponry), вклучувајќи 18 нови ИКБР (интерконтинентални балистички ракети), 2 подморнички балистички ракети и подводни дронови ќе ги зголемат одбранбените способности на Руската Федерација во наредните години;

  • Подводните дронови вооружени со нуклеарни боеви глави се сѐ уште во фаза на прототип, а системот за нуклеарен погон не бил тестиран;

  • Според стандардната формула, силата на земјотресот со јачина од 9.0 степени е еквивалентна на 32 Mt термонуклеарна бомба, или за споредба, бомба од 2Mt е 16,6 пати послаба од земјотресот со јачина од 9.0 степени;

  • Земјотресот во Тохоку, регистриран во близина на источниот брег на Хоншу (Јапонија) во 2011 година, беше со јачина од п. 1 степени и ослободи енергија еквивалентна на 9,3 милиони мегатони ТНТ енергија . Така, ако ја пресметаме енергијата што може да се ослободи, бомба од 2Mt е 4,6 милиони послаба од земјотресот во Тохоку во 2011 година што предизвика разорни бранови од цунами;

  • Дури и најголемата нуклеарна бомба што некогаш била тестирана, советската „Цар Бомба“ од 58Mt (тестирана на 30 октомври 1961 година), е речиси 162.000 пати послаба од цунамито во Тохоку од 2011 година.

 Оваа анализа е изготвена за потребите на www.F2N2.mk , проект кој го спроведува Граѓанската Асоцијација “МОСТ”,  чија цел е проверка на фактите и борба против лажните вести и дезинформации.Доколку сакате да дознаете повеќе за какви видови на нуклеарни експлозии постојат, како и нивната јачина, посетете го следниов линкАвтор:м-р Елмас Хасановиќ Фулбрајт Алумни Програм Координатор Инфо-центар за евроатлантски интеграции# # # # #За дополнителни информации:Граѓанска Асоцијација МОСТУл. Лондонска 9 б , 1020 Скопје Тел. 02/30 99 384, 30 99 385 Факс. 02/30 86 430 www.most.org.mk[email protected]
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.