ОПИС

Оригинален наслов: ДАЛИ ТАМАРА БИЛА ДОНЕСЕНА СО ВЛАДИНИОТ АВИОН: Дали заради нејзиниот пpечек на аеродромот авионот кружел низ Скопје се додека не cнeмaл гоpиво,па пpинyднo мopaл да слeта во Приштина?

Текст кој е претставен со прашање во насловот наведува дека заради слетувањето на Скопскиот Аеродром на Тамара Тодевска, нашата претставничка на Евровизија, наводно со владиниот авион, било спречено слетувањето на авионот од Инстанбул, инаку редовна линија. Поради тоа авионот по едночасовно кружење на небото над Скопје, бил пренасочен во Приштина под “изговор“ дека имало силен ветер и поради тоа немало услови за безбедно слетување. Сето ова, медиумот го пренесува врз база на објава социјалните мрежи на “блиска на патничка на линијата Инстанбул – Скопје“.Оригинална статија

Архивирана статија

ФАКТ/И

Во уште еден текст без потпис со шпекулативен карактер, медиумот пренесува тврдења изнесени на социјалните медиуми, најпрвин на приватен Фејсбук профил кој го објаснува настанот на 19.05.2019, а потоа приватен Твитер профил поставува прашање до Владата дали поради Тамара и нејзиниот пречек, авионот кружел низ Скопје. Наместо порталот да делува проактивно и да ги испрати прашањата до соодветните институции, со самото публикување на текст во кој прашањата до надлежните институции се јавно поставени од страна на приватни лица преку социјалните мрежи, поттикнува сомнеж во истите и поставува основа за сериозни злоупотреби и доведување во опасност на поголема група на патници на наведената авионска линија. Како медиум, порталот има обврска да ги провери овие информации пред да ги објави.

Тимот на F2N2 провери дел од случувањата поврзани со операбилноста на Меѓународниот Аеродром Скопје, вечерта на 19.05.2019. Со едно обично пребарување на интернет може да се увиди дека порталот www.sdk.mk пренесува официјални информации од аеродромските власти на скопскиот аеродром. Според сите информации, силен ветер од јужен правец е причината за одлагањето на слетувањето на неколку авиони и тоа, летот на Визер од Малта, летот на Туркиш Ерлајнс од Истанбул и летот на Кроациа Ерлајнс од Загреб. Што повеќе да се каже освен дека дури 2 дена подоцна, порталот на база на објави на социјални мрежи, шири шпекулации и непроверени информации кои имаат за цел да створат погрешен впечаток и да внесат недоверба во институциите. Според тоа, ова е лажна вест.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.