Повикувајќи се на свои извори, порталот Infomax.mk на 06.04.2020 тврдеше дека Меѓународниот Монтарен Фонд (ММФ) нема да и одобри 175 милиони евра помош на Македонија, туку само 40 милиони.
Во текстот со наслов „РАЧКИ ОД TAПAH ЗА МАКЕДОНИЈА: ММФ нeмa да oдoбpи 175 милиони евра пoмoш за Македонија иако Заев тврдеше дека е веќе oбeзбeдeнa„, порталот се обидуваше да го демантира лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој имаше најавено дека ММФ, на земјата ќе и одобри 175 милиони евра помош за справување со кризата со Ковид-19.
Своите претпоставки порталот се обиде да ги поткрепи и со изјава на аналитичарот Алекснадар Пандов, кој исто така тврдеше дека земјата ќе добие многу помалку пари од тоа што има побарано од ММФ.
– Кај вас тука во емисија господинот Зоран Заев кажа дека 175 милиони евра од ММФ се обезбедени. Моите информации кажуваат дека прашање е дали само 40 милиони ќе добиеме од нив. Есапот дома и есапот на пазар е сосема различен. Јас не сум економист, но ги читам луѓето кои ја разбираат економијата и финансиите, тие предупредуваат дека Македонија ја чека тешко време. И јас сакам денес да слушнам, не 175 туку 300 милиони ММФ обезбедиле, но еве информациите говорат дека четири пати помалку обезбедиле. – коментираше Пандов во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Сепак се претпостави дека вистината е сосема друга и дека Меѓународниот Монетарен Фонд на Северна Македонија ќе и ги додели 176.5 милиони евра помош за справување со кризата настаната со појавата на коронавирусот
“Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри исплата на 140,3 милиони SDR, (околу 176,53 милиони евра, 191,83 милиони американски долари, 100 проценти од квотата) на Република Македонија во рамките на Инструментот за брзо финансирање (Rapid Financing Instrument (RFI)). Оваа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на мepкитe за здравствена и макроекономска стабилизација, обезбедување на итните потреби на платниот биланс што произлегуваат од пaндeмијaтa предизвикана од Koвид-19 и забрзување на поддршката од меѓународната заедница”, се вели во соопштението на ММФ.
“Властите брзо одговорија со насочена и привремена фискална поддршка за да го ограничат социјалното и економското влијание од здравствената итна состојба преку заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и обезбедување социјална грижа за невработените и ранливите категории на домаќинства. Во меѓувреме, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја намали својата основна каматна стапка и спроведе регулаторни измени за да ги охрабри банките да ги реструктуираат долговите на висококвалитетните должници кои се погодени од пандемијата“, се вели во соопштението на ММФ.
Објавата на вакви дезинформации имаат за цел да создадат недоверба во меѓународните институции и во институциите на системот. Дополнително, се шири лажна слика дека тие не се способни за справување со кризата предизвикана од Ковид-19 кои најчесто предизвикуваат незадоволство и паника кај граѓаните.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО