Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Стара изјава на кандидатот за претседател Стево Пендаровски пренесена како да е дадена во сегашно време, во текот на вчерашниот ден еден од порталите водејќи се од твит, објави вест дека Пендаровски ќе прифаќа мигранти.Линк до оргиналната статија: ПЕНДАРОВСКИ САКА ДА ПРИФАТИ 400 МИГPAHТИ ВО МАКЕДОНИЈАЛинк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Clickbait. Вака може да се протолкува текстот со видео, објавени вчера на еден од интернет порталите. Сите знаме дека изборниот ден ќе се случи за неколку дена, но тоа не значи дека порталите можат да објавуваат стари изјави и да ги претставуваат како да се дадени во сегашно време, се со цел да се наштети на некои од претседателските кандидати, во овој случај на Стево Пендаровски.Приказната позади овој текст и видео е дека се дел од интервју дадено точно на ден 22.09.2015, а истото можете да го проверите и самите на следниот линк.Текстот со видеото погрешно ги наведува читателите и креира перцепција дека мигрантите доаѓаат. Како што изгледа, мигрантите доаѓаат само во предизборието.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.