21 век не исправи пред многу предизвици. Дезинформациите покажаа колку може да биде кревко едно општество. Пропагандните напади се силен атак врз јавноста. Тие можат да предизвикаат хаос. Подвоеност и поделби, тензична комуникација и состојби пред експлозија, наместо дијалог за разбирање и нормална комуникација. Затоа медиумите се многу важни. Тие се четвртиот столб на демократија.Медиумите имаат клучна и одговорна улога во информирањето на јавноста. Од тие причини мора сериозно да ја прифатат одговорната улога која ја носат како столб, кој пак придонесува за стабилноста или ранливоста на едно општество. Неодговорното однесување на медиумите, придонесува за креирање на клима во која јавноста е заведена.Вработените во медиумите, па и нивните сопственици треба да имаат финансиска корист како надомест за нивниот вложен труд и потрошено време. Но, оваа цел не смее да биде поважна од јавниот интерес за вистината. Интересот на јавноста треба да биде примарен. Таа треба да ја добие вистината, секогаш без исклучок.Благодарение на Интернетот, вестите денес патуваат брзо и лесно. Пораките кои следат со нив, мошне едноставно стигнуваат до публиката. Ова е клучен момент кој укажува дека медиумите имаат моќ да ја креираат формата на настаните. Ова моќ не треба да биде злоупотребена.Трендот со дезинформациите укажува токму на тоа, злоупотреба на медиумскиот простор со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци. Дезинформациите многу лесно го освоија медиумскиот простор, на некој начин одземајќи ја позицијата на професионалните медиумски истражувања. Многу истражувања говорат во прилог на фактот дека лажните вести патуваат побрзо од вистинските.Одговорните медиуми мора да бидат спрегата која ќе влијае силно против моќните пропагандистички напади. Јавноста не смее да биде заведена. Медиумите имаат одговорност во прецизното истражување и толкување на фактите. Крајниот продукт на новинарските анализи не смее да содржи елементи на бизнис, лични или политички толкувања, кои ќе влијаат врз објективноста при презентирањето на обработените информации.Одговорните и етички медиуми пенетрираат најдлабоко во проблемите кои ги истражуваат. Во ниеден миг, не ја губат од вид улогата на континуиран едукатор на јавноста. Ова е суштински важно во справувањето со пропагандистичките методи, кои денес лесно пловат преку социјалните мрежи.Медиумите имаат обврска да им помогнат на граѓаните во реализирањето на нивните права. На правилен начин. Независните медиуми се суштински важни за демократијата. Тие придонесуваат јавноста да знае што прави владата и опозицијата, без разлика дали тоа е добро или лошо. Но, без манипулирање и пропаганда. Одговорните медиуми известуваат непристрасно, придонесувајќи за вистински демократски слободи. Одговорните медиуми се справуваат со сензационализмот, кој често може да биде чекор кон пропагирање, наместо објективност. Медиумите секогаш мора да балансираат помеѓу етиката, моралот, квалитетната новинарска работа, но едновремено да не ги нарушат личните права на поединците или да ја загрозат стабилноста на општеството.Вистината не смее да остане заробена поради пласманот на дезинформации низ медиумите. Напротив, таа треба да остане клучната цел на секој одговорен медиум. Јавноста ја заслужува вистината. И да, јавноста заслужува одговорни медиуми. Вики Ристоска
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО