Во септември минатата година откривме како руското Министерство за надворешни работи ги обвини Балтичките земји тврдејќи дека тие не станале демократски држави со почитување на владеењето на правото. И покрај повратниот удар, кампањата за дезинформација на Кремљ повторно се сврте кон историјата, овој пат поради одложената парада за Денот на победата што ја слави 75-годишнината од Втората светска војна.Овој пат, стартот започна од Твитер профилот на руската амбасада во Естонија, споделувајќи напис од Russia Beyond под наслов „Зошто Балтикот беше одлично место за живеење под Советите“.imageСамиот напис, конструиран околу низа сјајни фотографии на Советската окупирана Естонија, Латвија и Литванија во 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите, имаше за цел да ги покаже балтичките држави како најповолни републики во СССР и да ги прикаже „најдобрoто од тоа што оваа гигантска земја имаше да го понуди“. Она што во написот не успева да се спомене е дека Балтичките држави биле нелегално анексирани од Советскиот режим и го продолжиле нивниот отпор - прво вооружен, подоцна мирен - низ децении на окупација.Написот дава голем број на тврдења, вкоренети во наративите на про-Кремљ дезинформациите и се префрлува во (не)сјајните аспекти на она што се чини како намерен уреднички начин на „белеење“ на советската окупација. На пример, тврди дека „радикалните реформи во советскиот стил се применуваа со многу поголема претпазливост“ во Балтичките држави, без притоа да се повикуваат на репресиите на Советскиот Сојуз. Имено, самиот натпис беше објавен кон средината на јуни, кога Балтичките држави ги одбележуваат масовните депортации на нивното население во Сибир.Написот исто така содржи класични наративи за дезинформации, како што се:„Латвија, Естонија и Литванија беа сметани за најпривилегирани од 16-те републики на СССР“.Што значи дека според умот на окупаторската сила, и кога сте под окупација, секогаш е убаво да знаете дека барем е привилегија. Тогаш имало 16 републики до 1956 година, а после тоа имало 15.Според нив, „Балтичките територии” со своето латвиско, литванско и естонско население, секогаш уживале посебен статус како дел од Руската империја и СССР. Советските власти секогаш се обидуваа да ги земат предвид посебните историски и економски околности на овој „европски“ регион што беше толку различен од остатокот на земјата“. Вистината е дека државите од Балтикот беа и остануваат дел од Европа. Доминантен јазик во СССР беше рускиот, и тој беше силно промовиран во училиштата и јавниот живот на штета на локалните јазици.Написот исто така тврди дека Советскиот сојуз ги поддржувал националните култури, додека во реалноста културата била слуга на режимот. По Втората светска војна, во Советскиот Сојуз преовладувал строгиот канон на Сталинистичкиот Социјалистички Реализам, според кој уметниците требало да истакнат идеални пораки од Комунистичката партија на реалистички начин. По смртта на Сталин, Советското општество станало либерално, а барањата на Комунистичката партија за уметност станала помалку строга, сепак, официјалните правила за советската култура издржале до осумдесеттите.Целата статија може да ја прочитате тука. Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.