ОПИС

Оргинален наслов: ГОЛИТЕ ФОТОГРАФИЈА ЈА ОДНЕСОА ВО ВЛАДА: ЕКСПЛИЦИТНАТА АНА МАРИЈА Е СОВЕТНИЧКА НА НИНА ГРУПЕР

Непримерна комуникација полна со омаловажување и сексизам кон жените, осамна веднаш по објавувањето на тимот на министерката за финансии.

Онлајн порталот Магазин.мк  го следеше примерот на порталите vistina.com.mk и  expres.mk, за кои веќе реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права со преставки до Советот за етика, по основ на вознемирување врз основа на пол и род.

„Советникот на новиот министер за финансии е поранешна инфлуенсерка. Откако Нина Ангеловска ја одбра нејзината советничка Твитер заедницата веднаш почна да реагира. Дури испратија порака до младите дека не им треба учење само сликање, бидејќи позирањето по социјалните мрежи сепак има бенефит и те води до кабинетот на министерот за финансии.“ стои во поднасловот на текстот со кој порталот Магазин ја преставува новата советничка.

Линк до објаваМагазин.мк

Архива на објави: vistina.com.mk и  expres.mk

ФАКТ/И

Објавениот текст  е непрофесионален обид за дискредитација, полн со стереотипи  и мизогинија. Со овој текст, порталот придонесува за создавање на атмосфера во која се омаловажува улогата на жените.

Според член 10 на Кодекстот на новинарите„Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)“

Медиумите, вклучително и порталите, мора да ја сфатат сериозната и одговорна улога која ја имаат во општеството. Тие не смеат да бидат извор на вознемирување и јавна дискредитација.

За жал, ни реакцијата на Хелсиншкиот комитет, не ја разбуди професионалноста и одговорноста која Магазин.мк како медиум треба да ја негува и гради.

„Наместо да се борат против дискриминацијата и негативните појави во јавниот дискурс, тие директно придонесуваат за создавање атмосфера во која се исмева женското учество во јавниот живот и жените воопшто. Ваквото известување создава непријателска и понижувачка  средина за сите жени.

Коментирајќи го нејзиниот физички изглед со намера да ја дискредитираат нејзината професионалност, вршат дискриминација кон сите жени омаловажувајќи ги нивните работни способности.

Најостро ги осудуваме ваквите известувања и создавање на текстови и изјави кои жените ги ставаат во подредена позиција и го повредуваат начелото на рамноправност помеѓу мажот и жената.“- нагласуваат во своето обраќање од Хелсиншкиот комитет, од каде веќе упатија преставки до Советот на етика и ЗНМ, но и до Комисијата за спречување и заштита од дискирминација да поведат постапка.

Претходно ЗНМ веќе ја осуди објавата на новинарот Љупо Златев на социјалните мрежи за обвинителката Фетаи.

„Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи. Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека  поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност.“- укажуваат од ЗНМ.

Медиумите треба да го следат интересот на јавноста. Но, притоа мора да ги задоволат стандардите на својата професија и да ја прифатат одговорноста која ја имаат при извршувањето на своите задачи.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.