Прогрмаскиот менаџер Росана Алексоска учествуваше на обука за градење на кацититетите која се одржа во Проторож, Словенија.

Во периодот од 6-8 јуни, 2023, Центарот за еверопски перспективи - CEP од Словенија, спроведе обука за градење на капцитетите на претставници од трите сектори (Граѓанскиот сектор, Медиумите и Владите) од 6 држави од Западен Балкан. Обуката имаше за цел да им помогне на учесниците заедно да ги согледаат недостатоците и потенцијалите на меќу секторска и меќу гранична соработка во справувањето со дезинформациите.

Преку практични вежби и симулации, 40 учесници се обучуваа како да распознаат и да реагираат на дезинформации, како и да изградат национален одбрамбен механизам против дезинформациите. Сесиите беа спроведени и водени од страна на еминентни експерти од Европа и САД, со што на учесниците им се овозможи да ја посведочат апликативноста на различните алатки како и да се здобијат со практично искуство преку симулации.

Повеќе информации за настанот може да се добијат на следниов линк, додека за информации за проектот ве молиме следете го следниов линк.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.